Компромисот за името што договориле Заев и Ципрас за целосно решавање на повеќедеценискиот спор, е историска шанса за напредок на Македонија, но и на целиот регион кон ЕУ и НАТО. Тоа е ставот и на најмоќните лидери во Европа. Дали шансата ќе биде реализирана?
Навивачите на Ливерпул го нарекуваат „Египетски крал“, во Египет е национален херој, а негови фанови има во целиот свет. Некои велат дека Салах направил многу повеќе против исламофобијата од кој било друг.
Владимир Путин, Во Кремљ беше инаугуриран за претседател на Русија, по 4-ти пат. На влст во Русија е од 1999-та година, или најдолго од времето на советскиот диктатор Сталин.
Пред нешто повеќе од две децении се бореа меѓусебно, сега служат во иста армија. Бошњачки муслимани, хрватски католици и православни срби, се заедно во армијата на Босна и Херцеговина, каде што можат и да ги одржуваат своите религиозни обичаи.
Организацијата „Репортери без граници“ повика да бидат истражени сите напади врз новинарите кои известуваа од протестите во Ерменија во изминатите денови. Меѓу нападнатите се и неколкумина дописници на Радио Слободна Европа од ерменскиот сервис.
Музичката манифестација Конопфест во скопскиот Градски Парк даде поддршка за декриминализација на канабисот.На Светскиот празник на канабисот, познат како 420, организаторите и посетителите побараа законски измени. Настанот се оддржува по втор пат, а се планира да се организира секоја година.
Активистката Марија Аљокина од „Пуси Рајот“, доби казна од 100 часа општествено корисна работа, а други демонстранти беа парично казнети за фрлање авиончиња од хартија пред Федералната служба за безбедност во знак на протест против забраната на апликацијата за пораки Телеграм.
Секој што денеска помина на плоштадот Македонија од пладне до 15 часот имаше шанса ја слушне пијанистката Дуња Иванова. Нејзината цел е музиката, особено класичната, да излезе од концертните сали и да стане подостапна за поголема публика.
САД удрија врз џебот на најблиските луѓе на рускиот претседател Владимир Путин.
Триесет тинејџери од Србија отпатуваа во Русија за да присуствуваат на Меѓународниот воен патриотски младински камп. Во кампот управува ултранационалистичка група наречена Е.Н.О.Т. Корп. Таму се тренираат како да најдат пат во шумата, но и да ракуваат со оружје и да се подготват за можна војна.
Во Кизилорда, јужен Казахстан, сеуште постојат згради во кои нема вода и канализација. Станарите мораат да одат во тоалет надвор. Со години чекаат на модернизација на нивните станови, но досега добиваат само празни ветувања.
Олег Кирашчук, украински уметник, живее од продавање велигденски јајца. Но, овие ги купуваат главно колекционери.
Вчитај повеќе