Јапонски театар одлучил да постави посебни простори со шпионка за секој посетител во публиката. Со ова, тие обезбедуваат физичко растојание и може театарот да одржува претстави со публика.
Либанци создадоа мапа од својата држава со локации кои треба да се изгребат по посета. Оваа идеја е на 29 годишна фармацевтка Мириам Ауди, која вообичаено патува често. Инспирацијата дошла откако почнала пандемијата и не смееле да патуваат надвор од Либан.
Европската Комисија, во овој месец треба да предложи регулатива за така-наречен дигитален зелен пасош, со цел полесно патување. Во него треба да има податоци за лицето или дека е вакцинирано, или дека е негативно на Ковид 19. За да функционира, треба да го прифатат сите земји членки.
Бразилска балерина без раце, 16 годишната Виториа Буено воодушевува и инспирира. „За мене, моите раце се само детал. Јас танцувам, со поглед ги следам (рацете) како да се тука“, вели Буено, која има над 150 илјади следбеници на Инстаграм.
Играчка робот ги учи децата да зборуваат, ги учи за технологија, наука и математика додека ги забавува.
По критичниот период во 1990-тите години, Дојранското езеро има зголемен водостој и повеќе риба. Со тоа е подобрен статусот и на дојранската риба и на самото езеро. Но, екологистката Петра Поп Ристова вели дека се уште има загадувачи на езерото.
Финци и Канаѓани создаваат големи уметнички дела во снегот. Цртежите најпрво ги прават на компјутер, а потоа неколкумина со јаже внимателно го исцртуваат на снегот со отисоци од стапала.
Мариам Нурзаи е командос во авганистанската војска.
Британско калифорниска фирма „Ултралип“ почна да прави бесконтактни екрани, пред се за музеи и произведувачи на возила. Но, поради пандемијата тие сега почнуваат да соработуваат и со ресторани и продавници.
Денот на вљубените вообичаено е поврзан со романтика, но и ако немате партнер има и други причини за прослава. Според експертите, можете да посветите време и на други блиски или на самите себе. Велат дека тоа треба да стане пракса и да не ограничува овој празник.
Млад иранчанец ја претворил својата соба во приватна гејминг зона, а својата пасија во работа. Тој секојдневно игра видео игри и објавува видеа на социјалните мрежи од своите игри. Има над два милиони следбеници и месечна плата.
Пакистански изведувач, 28 годишниот Усман Кан, откако се разболел од КОВИД-19 гледал видеа со Чарли Чаплин и тогаш одлучил - имитирајќи го него да донесе среќа на луѓето околу него. Се облекол како него и почнал бесплатно да изведува чаплинови шеги.
Вчитај повеќе