Волонтери од Грузија, Франција, Австралија, Бразил и други земји се борат во битката за градот Северодоњецк во источна Украина. Новинарот на РСЕ Марјан Кушнир, беше со војници кои велат дека дошле за да помогнат во одбраната на Украина.
18-годишниот Вјачеслав од украинската област Доњецк стана старател на четири помали браќа и сестри откако нивната мајка била убиена од руска граната и нивната куќа била целосно уништена. Стотици се понудија да му помогнат на семејството по нивната приказна искажана за РСЕ.
Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ - ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. Верниците во и околу храмот со громогласен аплауз го дочекаа соопштувањето на одлуката.
Украинци ја кажуваат вистината зад пропагандно видео во кое беа принудени да учествуваат додека нивното село беше окупирано од чеченските про-Кремљ борци.
Алармантно е загадувањето на реката Вардар во скопскиот реон. Категоризирана како 4 или 5 категорија, таа е неупотреблива, вклучително и за наводнување или за капење, со што претставува потенцијална опасност за граѓаните. Спасот се гледа во пречистителната станица.
Најмалку 112 војници од рускиот регион Бурјатија се убиени во Украина од февруари, според антивоената група Фондацијата Слободна Бурјатија. „Карент тајм“ ги разгледа приказните на некои од оние кои загинаа и разговараше со луѓето во регионот, од кои многумина ја поддржуваат инвазијата врз Украина
Уште 170 украински цивили се евакуирани од челичарницата Азовстал Мариупол.Таа е опколена од руски сили, кои се соочија со отпор од украински бранители на пристанишниот град. Евакуираните рекоа дека руските сили ги пребарале и им земале отпечатоци од прсти во таканаречените „филтрациони кампови“.
На Денот на победата над фашизмот, 9-ти Мај, рускиот претседател Путин и украинскиот претседател Зеленски се обратија на народот. Едниот во живо, пред 33 воени единици и над 10 000 војници, а другиот од празна улица во Киев, со видео.
Украинските земјоделци се принудени да работат под закана со оружје, а на некои им се конфискувани фармите од руските сили. Во меѓувреме, земјоделците на земјиштето што е под Украина носат елеци и шлемови за да се заштитат додека работат.
Хакерска група „Правда на Али“ води кампања против иранските државни организации за да ги открие злоупотребите и корупцијата во репресивниот теократски режим. Радио Фарда на РСЕ разговараше со анонимен член на групата кој раскажува за нападите на затвори, безбедносни камери, медиуми, авиокомпании...
Едни велат - речиси сè што читам е на англиски, понекогаш, дури и лектири. Другите сакаат кирилица и мајчин јазик, па и странските автори ги читаат со домашен превод. Дел од младите посетители на актуелниот Саем на книга во Скопје, споделија што и како сакаат да читаат.
Украинката Елвира Бортс, која го преживеала холокаустот, вели дека нацистичката опсада на Ленинград била пострашна од сегашната руска на Мариупол. Интервјуто на Бортс беше последна приказна на новинарката на РСЕ, Вира Гирич, која беше убиена во руски напад на 28 април врз нејзината зграда во Киев
Вчитај повеќе