Патот од Скопје кон граничниот премин „Блаце“ кон соседно Косово, има по една лента во двата правци, полни со крпеници. 12-те километри треба да бидат автопат, кој се ветува со децении. Изградени се само два километри, но, и тие не можат да се стават во функција, затоа што завршуваат во провалија.