Кои се клучните проблеми во односите меѓу Македонија и Бугарија? Што бара Бугарија, на што се согласува власта во Скопје, на што реагираат македонските институции, опозицијата и многмина јавни личности?
Произведувачите на дезинформации ја искористија пандемијата со коронавирусот за да ги збунат луѓето и да им внесат несигурност и недоверба во сопствените влади, но и во ЕУ. На удар се и соседните земји на ЕУ, особено Балканот, вели Петер Стано, портпарол на Европската комисија.
Нема забави, нема диско, нема собирање по соби. Тоа е дел од протоколот во услови на коронакриза во студентските домови во Скопје. Студентите главно ги почитуваат новите услови за „живот“.
Пред затворите во Белорусија секојдневно се собираат роднини на затворените анти-владини демонстранти, но пакети можат да им доставуваат само еднаш неделно. Многумина воопшто не знаат што се случува со нивните блиски.
Фаркунда Бехманјар е една од првите жени кои добија возачка дозвола во авганистанската провинција Ферјаб. Во традиционалните, конзервативни рурални региони во земјата ретко има жени зад воланот, иако тоа им дава слобода. Но, не се сите среќни за оваа промена.
Група студенти од 6-та година на Медицинскиот факултет во Скопје, се вклучија во помагање во битката против коронавирусот. Трагаат и ги контактираат можните инфицирани, но и лицата кои би требало да се во самоизолација.
Жителите на село Челопек велат дека семејството Фејзулаи било примерно, домаќини и без никаква криминална активност. Но, нивниот син се радикализирал и тие не го познаваат, не доаѓал таму.
На престојните претседателски избори во САД, што ќе се одржат на почетокот на ноември годинава, се очекува голем број граѓани да го дадат својот глас преку пошта. Главна причина е стравот од коронавирусот. Некои се загрижени од можна манипулација со ваквите гласови.
Докторите знаат дека вирусите различно влијаат на бремените жени и нивните фетуси. Но, сега се обидуваат да утврдат како КОВИД-19 влијае.
Пензионерите се редовни на анти-владините протести во Белорусија кои траат од 9-ти август кога на оспорени избори беше реизбран Лукашенко. Деновиве и пензионери, главно од безбедносните сили, одржаа контра-протест, за подршка на Лукашенко.
Примирјето меѓу Ерменија и Азербејџан во конфликтот за Нагорно Карабах, не се почитува. Експерти велат дека воено решение не е можно. Конфликот беше обновен на 27-ми септември и досега има стотици загинати и од вдете страни.
Мртви риби, ракчиња, дури и фоки се исфрлени на брегот кај полуостровот Камчатка во источна Русија. Локалците пријавуваат и здравствени проблеми.
Вчитај повеќе