Босна и Херцеговина не се пласира на Светското првенство во фудбал, што ќе се игра во Русија, но се пласираа копачките што ги произведуваат во Босна за Адидас, кои ќе ги носат судиите на натпреварите.
„Козаците“ ќе бидат присутни во некои од градовите во Русија каде што ќе се играат натпреварите од Светскиот куп. Тие ќе треба да и помагаат на полицијата во одржувањето на редот, но досегашните искуства со нив се различни.
Институтот „Конрад Аденауер“ предупредува дека ЕУ мора да дејствува против руското мешање во Западен Балкан со тоа што ќе преземе активни мерки, меѓу кои и инвестирање во медиумската сфера, која Москва ја користи за ширење анти-западна пропаганда
Во Русија, од 14-ти јуни до 15-ти јули ќе се игра Светското првенство во фудбал. Домаќините, за подготовки потрошија рекордни над 11 милијарди долари. За „разубавување“ на градовите каде што ќе се играат натпреварите, се трошат дополнителни милиони.
Компромисот за името што договориле Заев и Ципрас за целосно решавање на повеќедеценискиот спор, е историска шанса за напредок на Македонија, но и на целиот регион кон ЕУ и НАТО. Тоа е ставот и на најмоќните лидери во Европа. Дали шансата ќе биде реализирана?
Навивачите на Ливерпул го нарекуваат „Египетски крал“, во Египет е национален херој, а негови фанови има во целиот свет. Некои велат дека Салах направил многу повеќе против исламофобијата од кој било друг.
Владимир Путин, Во Кремљ беше инаугуриран за претседател на Русија, по 4-ти пат. На влст во Русија е од 1999-та година, или најдолго од времето на советскиот диктатор Сталин.
Пред нешто повеќе од две децении се бореа меѓусебно, сега служат во иста армија. Бошњачки муслимани, хрватски католици и православни срби, се заедно во армијата на Босна и Херцеговина, каде што можат и да ги одржуваат своите религиозни обичаи.
Организацијата „Репортери без граници“ повика да бидат истражени сите напади врз новинарите кои известуваа од протестите во Ерменија во изминатите денови. Меѓу нападнатите се и неколкумина дописници на Радио Слободна Европа од ерменскиот сервис.
Музичката манифестација Конопфест во скопскиот Градски Парк даде поддршка за декриминализација на канабисот.На Светскиот празник на канабисот, познат како 420, организаторите и посетителите побараа законски измени. Настанот се оддржува по втор пат, а се планира да се организира секоја година.
Активистката Марија Аљокина од „Пуси Рајот“, доби казна од 100 часа општествено корисна работа, а други демонстранти беа парично казнети за фрлање авиончиња од хартија пред Федералната служба за безбедност во знак на протест против забраната на апликацијата за пораки Телеграм.
Секој што денеска помина на плоштадот Македонија од пладне до 15 часот имаше шанса ја слушне пијанистката Дуња Иванова. Нејзината цел е музиката, особено класичната, да излезе од концертните сали и да стане подостапна за поголема публика.
Вчитај повеќе