Американски разузнавачи деновиве во Конгресот изјавиле дека Русија се меша во изборната кампања со цел да се фрли сомнеж врз интегритетот на изборите и да се засили реизборот на претседателот Доналд Трамп. Ова, како што јавува Ројтерс, било пренесено од лице запознато со брифингот.
Напаѓачот за кој се верува дека убил девет лица во два напада во германскиот град Ханау, според германската полиција, бил пронајден мртов во неговиот дом. Полицијата соопшти дека напаѓачот имал ксенофобичен мотив. Во домот било пронајдено и телото на неговата мајка.
Комисија на меѓународни научници оцени дека ниту една земја во светот не успева да им даде на децата можности за здрав живот.
Меѓународните донатори во понеделникот ветија 1,15 милијарди евра за да и помогнат на Албанија да се опорави од силниот земјотрес што ја погоди во ноември лани.
Лидерите на Северна Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Косово и Албанија во неделата во Брисел имаа неформална средба со шефовите на ЕУ посветена на европските перспективи за Западен Балкан. По состанокот тие изразија оптимизам дека новата методологија за проширување ќе го забрза тој процес.
Хубеи - кинеската провинција во епицентарот на појавата на коронавирусот објави рекорден пораст на бројот на починати.
Сенаторот Берни Сандерс тесно победи на внатрепартиските избори во Њу Хемпшир за претседателски кандидат на Демократската партија. Со тоа тој го зацврсти неговиот статус на прв човек на демократите во изборната трка во ноември против претседатлот Доналд Трамп.
„Соединетите држави многу се надеваат дека Европската унија ќе ги почне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во идниот месец.
Јужнокорејскиот филм „Паразит“ за прв пат во 92 годишното доделување на наградата Филмската академија доби Оскар и за најдобар филм и за најдобар филм од неанглиско подрачје. Македонскиот филм „Меденета земја“ не доби Оскар во двете категории, за најдобар странски филм и за најдобар документарец.
Унгарската полиција соопшти дека привремено затворила еден граничен премин со Србија за да го пресече патот на група мигранти во обид да ја минат границата. Унгарија претходно соопшти дека од декември се зголемил бројот на обидите за илегално преминување на границата.
Американскиот Сенат го ослободи претседателот Доналд Трамп од двете обвинувања за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот, по историското двонеделно судење за негово отповикување.
Лидерот на Демократите во американскиот Конгрес Ненси Пелоси ја искина нејзината копија на обраќањето на претседателот Доналд Трамп за состојбата на нацијата.
Вчитај повеќе