Осумнаесет лица, вклучително и министерот за внатрешни работи на Украина и други високи функционери загинаа денеска кога хеликоптер се урна во предградие во близина на Киев.
Бројот на загинати од рускиот ракетен напад врз станбена зграда во централниот украински град Днипро се искачи на 30, соопшти националната служба за вонредни состојби.
Околу 500.000 деца ја напуштија Украина поради војната, но поголемиот дел од нив останаа дома. Траумите од војната кај нив се видливи. 75% од децата таму имаат психолошки проблеми.
Бугарските граѓани масовно одат да тргуваат во Турција, каде што цените на производите се двојно помали од оние во нивната земја. Турција е зафатена со голема инфлација.
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра е претворена во руина и целосно демолирана. Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба.
Децата од окупираните области на Украина во ноември, според руските власти, биле однесени во камп во Чеченија на „воено-патриотска“ обука. Децата биле опишани како „социјално проблематични“ и назначени за „превоспитување“.
Приватните превозници денеска ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во центарот на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должи ЈСП и градот Скопје. Велат, блокадите ќе продолжат и во наредните денови.
Чуварот на најважните документи Државниот архив на секој пороен дожд се соочува со поплави. Штетите се видливи, а вработените велат дека немаат основни услови за работа. Институцијата неколку пати се жалела и побарала помош од Владата, но одговор не добила.
Тргни-застани, вакво е возењето во автомобил низ главниот град. Раскопани улици, прашина и колони возила е секојдневна слика. Скопјани велат им пречи но навикнати се веќе да живеат во гужвата и хаосот
Некогаш беше гордост за Скопје, ама сега поранешната зграда на „Технометал Вардар“ е голема опасност за тие што се движат во нејзината околина. Објектот доби сопственик на почетокот на годинава, што само ги влоши работите.
Министерството за здравство започна пилот програма со употреба на апарати за лекување и следење на пациентите од далечина. Велат сакаат да испитаат како овие апарати ќе обезбедат алтернативи на традиционалните здравствени консултации, но и да се зголеми пристапот до здравствени услуги.
Припадниците на српските заедници во општините на Косово велат дека нема да ги регистрираат возилата со ознаките РКС (Република Косово). Властите на Косово од 1-ви ноември изрекуваат опомени, а по 21-ви ноември ќе казнуваат со 150 евра. Тоа може да предизвика нови тензии.
Вчитај повеќе