Приватните превозници денеска ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во центарот на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должи ЈСП и градот Скопје. Велат, блокадите ќе продолжат и во наредните денови.
Чуварот на најважните документи Државниот архив на секој пороен дожд се соочува со поплави. Штетите се видливи, а вработените велат дека немаат основни услови за работа. Институцијата неколку пати се жалела и побарала помош од Владата, но одговор не добила.
Тргни-застани, вакво е возењето во автомобил низ главниот град. Раскопани улици, прашина и колони возила е секојдневна слика. Скопјани велат им пречи но навикнати се веќе да живеат во гужвата и хаосот
Некогаш беше гордост за Скопје, ама сега поранешната зграда на „Технометал Вардар“ е голема опасност за тие што се движат во нејзината околина. Објектот доби сопственик на почетокот на годинава, што само ги влоши работите.
Министерството за здравство започна пилот програма со употреба на апарати за лекување и следење на пациентите од далечина. Велат сакаат да испитаат како овие апарати ќе обезбедат алтернативи на традиционалните здравствени консултации, но и да се зголеми пристапот до здравствени услуги.
Припадниците на српските заедници во општините на Косово велат дека нема да ги регистрираат возилата со ознаките РКС (Република Косово). Властите на Косово од 1-ви ноември изрекуваат опомени, а по 21-ви ноември ќе казнуваат со 150 евра. Тоа може да предизвика нови тензии.
Локален функционер им рекол на руските регрути „не сте топовско месо“ во видео објавено на интернет неодамна. Мажите одговориле со луто извикување дека, всушност, токму тоа се.
Редиците пред народните кујни стануваат се подолги, бидејќи храната станува се поскапа за голем број граѓани. Во Македонија има 48 народни кујни во кои секојдневно одат над 3.000 луѓе. За дури 30% е зголемен и бројот на граѓани кои во Црвениот крст бараат пакети храна.
Граѓаните главно незадоволни од црната кампања на партиите со билборди и герила акции.
Луѓето Киев се подготвуваат за можен нуклеарен напад поради силните сугестии дека Москва размислува за таков напад. Некои жители набавија таблети со јод во лекувањето на труење со радијација, додека други користат доза на хумор за да се справат со заканата од нуклеарна војна.
Русија и натаму ја напуштаат голем број граѓани поради делумната мобилизација. Белград и Истанбул се единствените градови во Европа кои не го прекинаа авио-сообраќајот со Москва. Што велат некои од Русите кои ја напуштија земјата деновиве и допатуваа во Белград?
Иран делумно го ограничи пристапот до интернет и социјалните медиуми откако протести се проширија во најмалку 50 градови по смртта на 22-годишната жена која беше приведена од полицијата за морал во земјата.
Вчитај повеќе