Кремљ е едно од најобезбедуваните места во Русија, а за воздушниот простор се грижат и специјално обучувани птици - предатори.
Вадим Челдиев се откажа од кариерата како оперски пејач и реши да им помага на сиромашните во неговиот роден град Владикавказ. Не е во „милост“ на власта, бидејќи зборува отворено, но нема политички амбиции.
Жителите на киргистанското село Кајнар се отсечени од цивилизацијата. До најблискиот град одат само во лето, по мала патека. Откако во сообраќајка на таа патека загинале и деца, селаните решиле да не ја чекаат државата туку сами да си направат безбеден пат.
Стотици семејства живеат во огромна депонија кај градот Клуж во Романија, бидејќи немаат каде. Тие се надеваат на помош од ЕУ, но истовремено страхуваат и дека ќе ја загубат основната можност за некаков приход ако биде затворена депонијата.
Меѓу илјадниците заробени борци на така-наречената Исламска држава во Сирија, досега се откриени и 4-ца босанци. Некои од нив се обвинети за тероризам во Босна, некои за криминал, а уште десетици босански милитанти се бараат и преку интерпол.
Лаура Кодрута Ковеси, поранешната шефица за борба против корупцијата во Романија, изведе пред суд десетици функционери. Сега е кандидат за главен јавен обвинител на ЕУ, но романската владејачка партија настојува да го спречи нејзиниот избор за новата функција.
Кога војници во зелени униформи и без никакви ознаки ја превзедоа контролата врз Крим во Украина, во 2014-та, руските официјални претставници, вклучувајќи го и претседателот Путин, демантираа дека се тоа руски војници. Една година подоцна, Путин призна.
„Тешко е да се напушти се и да се избега“, вели Азам Џанграви, иранка, која мораше да избега од Иран, осудена на три години затвор поради учеството во протести против задолжителното носење хиџаб.
Веќе трет месец во повеќе градови во Србија се одржуваат анти-валдини протести. Кој е организатор, кој се протестира и што бараат демонстрантите? Медиумите во Србија, главно ги игнорираат.
Отпадот од Москва, со возови ќе се транспортира на илјада километри од главниот град, на нова гигантска депонија. Локалното население протестира, но изгледа безуспешно.
Во Скопје и Битола викендов се одржа маратонско 48 часовно создавање видео игри. Мотивирани учесници седма година по ред се дел од најголемиот светски настан за креирање игри - Глобал Гејм Џем. Лани Македонија беше на 5-то место во светот по бројот на игри создадени по глава на жител на овој настан.
Локалните жители во едно село во источна Украина не му дозволуваат на попот од Московската патријаршија, да држи служба во црквата. Верските тензии во Украина се зголемуваат откако Украинската православна црква се одвои од Московската патријаршија.
Вчитај повеќе