„Зенит арена“ во Санкт Петербург, е еден од најскапите стадиони во светот. Се проценува дека изградбата чинеше над 1,5 милијарди долари, а траеше 10 години.
Во Киргистан, полигамијата не е дозволена, но не е ретка појава, па дури и државни функционери да имаат по повеќе жени.
Владимир Путин соопшти дека по 4-ти пат ќе се кандидира за претседател на Русија. Пред претходниот мандат даде неколку клучни ветувања.
Економската активност на Русија во Македонија се поврзува со обид за политичко влијание контра ЕУ и НАТО, коментираат аналитичарите. Но, по јасната евроатлантска определба на Скопје, Москва останува без политички профит.
Одговорност за сите што го прекршиле законот или уставот, мора да има, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов, по повод приведувањето лица за насилствата во Парламентот на 27-ми април, но треба да се почитува презумпцијата на невиност. ВМРО-ДПМНЕ протестира и смета дека се спроведува селективна правда.
Новите цркви во Македонија во руски стил, случајност или стратегија?
За помалку од две години, во Украина се случија серија атентати, повеќето од нив со подметнати експлозии во автомобили. Речиси ниедно од убиствата не е расветлено. Истрагата е во тек.
Аерозагадување - многу причини и страшни последици по здравјето. Инструментите кои го мерат загадувањето на воздухот во Скопје, постојано регистрираат висока загаденост со ПМ 10 честички. Што регистрираа камерите на РСЕ во Скопје.
На 7-ми ноември, пред 100 години, комунистите, на чело со Владимир Ленин, ја превзедоа власта во Русија, а во 1922-ра го формираа Советскиот Сојуз. Тој се распадна во 1991-ва, но некои уште го слават.
Од 2016-та година, досега, се случија најмалку 10 напади со возила врз невини цивили во повеќе градови. Од таа причина, во градовите се подигаат бариери околу пешачките зони, за заштита од овој нов вид тероризам.
Утре, по две годишниот судски процес се очекува пресудата за случајот „Диво Насеље“. На 9 мај 2015 во оваа кумановска населба загинаа 8 полицајци и 14 напаѓачи. Обвинети се 37 луѓе кои тврдат дека се дел од политичката игра на тогашната власт.
Азербејџан е најлошата земја за ЛГБТ популацијата во Европа. Ваквите луѓе, во таа земја, се апсат и малтретираат во затвор.
Вчитај повеќе