Дури и тогаш кога пораките на институциите и политичарите се разумни и за „доброто на сите“, многумина решаваат да постапат спротивно, со сомнеж примајќи ги ваквите барања. Па така, реалност станува трупањето залихи масло или одбивање вакцини. Што за ова велат граѓаните?
Од руската инвазија на Украина, речиси 4,5 милиони Украинци ја напуштија земјата. Повеќето од нив сега се во Европа, но некои заминаа во Русија. Жителите на Донбас често немаа друг избор освен да заминат за Русија, бидејќи патот кон западна Украина беше отсечен.
Пристанишниот град Мариупол беше дом на 400.000 луѓе пред руската инвазија. Повеќе од 50 дена е под опсада на руските трупи и под постојано гранатирање. Градот е претворен во урнатини. Се верува дека илјадници цивили загинале, а десетици илјади остануваат заробени во градот.
Мајка и ќерка од Харкив, професорки по англиски јазик, од Негорци им држат онлајн часови на своите украински ученици. Кога почна руското бомбардирање врз родниот град, нивното семејство дојде во Македонија, кај роднини.
Речиси 6.000 сирачиња се евакуирани од воената зона во Украина. Според украинскиот закон, тие не можат да бидат усвоени за време на војната. Јулија Жукова и Серхи Сивко од РСЕ посетија едно од засолништата за евакуирани сирачиња во селото Јаремче во украинскиот регион Ивано-Франковск.
Граѓаните ширум Русија имаат различни реакции на наводите дека руските сили извршиле воени злосторства во украинскиот град Буча. Current Time разговараше со жители на неколку руски градови. Некои велат сликите се „лажни“, а други пак ги осудуваат злосторствата.
Пред 30 години, нивното Сараево беше опколено од силите на босанските Срби кои го држеа под опсада речиси четири години. Сега, Босанците за Балканскиот сервис на РСЕ велат дека гледаат оти истото зло се повторува во Украина и сакаат Европа и светот да направат повеќе за да го запрат тоа.
Руските сили се обвинети за злосторства во градот Буча, северозападно од главниот град на Украина. Тела на цивили беа видени како лежат на улиците по руското повлекување. Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, рече дека околу 300 локални жители биле застрелани.
Стотици илјади украински деца станаа бегалци откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Нивните сведоштва за ужасите на војната се неверојатна комбинација на нефилтрирани емоции и смирено опишување.
Илјадници луѓе го напуштија градот Ирпин во близина на Киев поради постојаните руски напади. РСЕ разговараше со некои од луѓето кои останаа во градот без струја и гас, а на улиците има трупови кои допрва треба да бидат тргнати. Снимено од Серхи Нужненко од украинскиот сервис на РСЕ на 11-12 март.
Лила Милиќ е трансродова жена од Македонија. Вели дека не сака да живее двоен живот, па оттука гласно зборува за проблемите со кои се соочуваат луѓето како неа. Самоприфаќањето и донело олеснување, но и нова борба со системот кој се уште ги дискриминира овие луѓе.
Стефан е Македонец, а Вероника Русинка половина од животот го минала во Украина. Се запознале преку социјалните мрежи, а Одеса неколку месеци била нивен дом. Но руската инвазија ги натера на бегство. Два дена траело нивното патешествие од Одеса до Скопје.
Вчитај повеќе