Сепаратистите во источна Украина, кои се поддржани од Русија, в недела треба да одржат избори во двете самопрогласени републики, во обид да го зацврстат своето отцепување од остатокот на земјата.
Државниот обвинител на САД Џеф Сешонс поднесе оставка на функцијата по барање од претседателот Доналд Трамп со чии остри напади се соочуваше повеќе од една година.
Собраниската Комисијата гласаше за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, оти бил недостоен за пратеничката функција. ВМРО-ДПМНЕ се против одземање на мандатот. За конечната одлука на пленарна седница на Собранието потребно е двотретинско мнозинство.
Излезните анкети и првичните неофицијални резултати од делумните избори за американскиот Конгрес покажуваат дека контролата врз Претставничкиот дом ја преземаат демократите.
Во САД денеска се одржуваат избори за Конгресот и за властите во сојузните држави на кои демократите би можело повторно да станат важен фактор на политичката сцена и да го забрзаат заминувањето на претседателот Доналд Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот фокус пред се е ставен врз изборите за Сенатот.
Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека во консултација со осумте пратеници од опозицијата но и други ги подготвиле четирите уставни амандмани кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Процедурата во Собранието се очекува да трае околу шеесет дена.
Најголемата социјалистичка организација во Соединетите држави забележува експлозивен раст на членството откако Доналд Трамп влезе во Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави би можеле да испратат околу 15.000 војници на границата со Мексико. Тој ова го соопшти откако се појави уште една караван мигранти кои бегаат од насилството и сиромаштијата во Централна Америка.
Русија планира да тестира проектили во близина на Норвешка во областа во која НАТО ги спроведува своите најголеми воени вежби од крајот на Студената војна. Овој потег се смета за натамошна ескалација на тензиите на северот на Европа.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата во Москва со неговиот грчки колега Панос Каменос предупреди дека планот на Вашингтон да се повлече од договорот за нуклеарно разоружување ќе има „сериозни последици за Европа“.
Екстремно десничарскиот конгресмен Жаир Болсонаро победи во вториот круг од претседателските избори во Бразил. Тој доби над 55 насто од гласовите, победувајќи го левичарот Фернандо Хадад од Работничката партија кој доби нешто над 44 проценти.
Вчитај повеќе