Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека во консултација со осумте пратеници од опозицијата но и други ги подготвиле четирите уставни амандмани кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Процедурата во Собранието се очекува да трае околу шеесет дена.
Најголемата социјалистичка организација во Соединетите држави забележува експлозивен раст на членството откако Доналд Трамп влезе во Белата куќа.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите држави би можеле да испратат околу 15.000 војници на границата со Мексико. Тој ова го соопшти откако се појави уште една караван мигранти кои бегаат од насилството и сиромаштијата во Централна Америка.
Русија планира да тестира проектили во близина на Норвешка во областа во која НАТО ги спроведува своите најголеми воени вежби од крајот на Студената војна. Овој потег се смета за натамошна ескалација на тензиите на северот на Европа.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средбата во Москва со неговиот грчки колега Панос Каменос предупреди дека планот на Вашингтон да се повлече од договорот за нуклеарно разоружување ќе има „сериозни последици за Европа“.
Екстремно десничарскиот конгресмен Жаир Болсонаро победи во вториот круг од претседателските избори во Бразил. Тој доби над 55 насто од гласовите, победувајќи го левичарот Фернандо Хадад од Работничката партија кој доби нешто над 44 проценти.
Контролирано од Србија, но извор на вода и енергија за Косово, сините води на езерото Газивода, ја одразуваат студената врска меѓу Косово и Србија.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика медиумите да ги запрат „бескрајните непријателства“ откако потенцијално експлозивни пратки беа уптени до телевизијата Си Ен Ен и до неколкумина видни членови на Демократската партија, меѓу кои и до Барак Обама и Хилари Клинтон.
Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон ги пофали „продуктивните“ разговори со претседателот Владимир Путин и другите руски официјални претставници.
Караванот од неколку илјади мигранти од Централна Америка продолжи низ Мексико на пат до Соединетите држави и покрај најавите на американските и мексиканските власти дека ќе го запрат.
САД го поддржуваат Договорот од Преспа и се задоволни од гласањето за пристапување кон уставни измени. Ќе соработуваат во властите спогодбата да се спроведе до крај, вели американскиот дипломат Метју Палмер.
Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги почнува разговорите во Москва околу тензиите по објавата на Трамп дека ја повлекува земјата од договорот за нуклеарно разоружување.
Вчитај повеќе