Имам нулта толеранција за организираниот криминал и корупција и цел да расчистам со криминалот, без оглед дали него го сториле сегашни или поранешни функционери, вели директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.
Муареми ги потврдува сомневањата дека поранешни функционери и бизнисмени переле пари преку офшор компании, одлевајќи огромни средства во странство.
Одлуката на НАТО да ја покани Македонија ја гледам како ветер за мирно пловење на политичарите кои треба да го применат договорот дома. Сега се зависи од гласачите, изјави за РСЕ Дејмон Вилсон потпретседател на Атлантскиот совет на САД.
Убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет и „за“ ЕУ и НАТО, вели министерката Шеќеринска.
Со непотпишувањето на договорот со Грција, претседателот Иванов не го гази само Уставот, туку става вето и на можноста на граѓаните да одлучат за својата земја, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделството производство и намалување на квалитетот, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Потребна е детална анализа за да се видат резултатите на земјоделците од исплатата на субвенциите, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Тој смета дека повеќе политики треба да се доведат во ред за да се зголеми домашното производство.
Ако не го прифатиме Договорот со Грција, треба да бидеме подготвени за посилно влијание на авторитарни режими и ќе ги изгубиме симпатиите од меѓународната заедница, вели Андреја Стојковски.
Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии вели дека Македонија во јуни може да очекува одлука за отпочнување преговори со ЕУ. Тој дополнува дека утврдување на датум за преговори може да има и сега задено со одлуката, а тоа може да се случи и подоцна, наесен.
Никому не му е пријатно од промената на името, но од таа емотивна ситуација треба да се извлечеме свесно и да тргнеме во една нова ера за поубава и просперитетна земја, вели професор Денко Малески.
Овој пат не верувам дека ќе има прекршување на договорот. За тоа треба волја од двете страни, но сега зад напорот не стојат само Грција и Македонија, туку и западниот свет, вели професор Денко Малески во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Постои огромен интерес на италијанските компании да инвестираат во земјава, вели Алесандра Капобјанко, директорка на Агенцијата за промоција на италијанските компании во странство.
Вчитај повеќе