Одлуката на НАТО да ја покани Македонија ја гледам како ветер за мирно пловење на политичарите кои треба да го применат договорот дома. Сега се зависи од гласачите, изјави за РСЕ Дејмон Вилсон потпретседател на Атлантскиот совет на САД.
Убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет и „за“ ЕУ и НАТО, вели министерката Шеќеринска.
Со непотпишувањето на договорот со Грција, претседателот Иванов не го гази само Уставот, туку става вето и на можноста на граѓаните да одлучат за својата земја, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Системите за наводнување со години биле запоставени и затоа има и намалување на земјоделството производство и намалување на квалитетот, вели министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Потребна е детална анализа за да се видат резултатите на земјоделците од исплатата на субвенциите, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Тој смета дека повеќе политики треба да се доведат во ред за да се зголеми домашното производство.
Ако не го прифатиме Договорот со Грција, треба да бидеме подготвени за посилно влијание на авторитарни режими и ќе ги изгубиме симпатиите од меѓународната заедница, вели Андреја Стојковски.
Андреја Стојковски од Центарот за европски стратегии вели дека Македонија во јуни може да очекува одлука за отпочнување преговори со ЕУ. Тој дополнува дека утврдување на датум за преговори може да има и сега задено со одлуката, а тоа може да се случи и подоцна, наесен.
Никому не му е пријатно од промената на името, но од таа емотивна ситуација треба да се извлечеме свесно и да тргнеме во една нова ера за поубава и просперитетна земја, вели професор Денко Малески.
Овој пат не верувам дека ќе има прекршување на договорот. За тоа треба волја од двете страни, но сега зад напорот не стојат само Грција и Македонија, туку и западниот свет, вели професор Денко Малески во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Постои огромен интерес на италијанските компании да инвестираат во земјава, вели Алесандра Капобјанко, директорка на Агенцијата за промоција на италијанските компании во странство.
Ако покажеме добри резултати со нашата работа во Владата, Беса ќе стане прв избор на Албанците, вели Африм Гаши, претседател на движењето Беса, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Споменикот Воин на коњ и Порта Македонија се дивоградби и затоа треба или да бидат отстранети или да бидат легализирани, вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски.
Вчитај повеќе