Достапни линкови

Пржино и избори во Македонија, Брегзит и тероризам во светот


Македонија и светот во 2016-та
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:20 0:00

Македонија и светот во 2016-та

Во Македонија Пржинскиот договор се постигна од втор, а изборите од трет обид. Светот, пак, во 2016 го потресе Брегзит, воениот удар ви Турција и низата терористички напади.

Минатата година заврши со предвремени парламентарни избори, кои се организираа од третиот обид, а започна со подготовки за првиот. Имено, уште во средината на јануари, согласно со договорот од Пржино, премиерот Никола Груевски поднесе оставка на функцијата, на 100 дена пред закажаниот термин за избори, 24 април. Беше избрана преодна влада на чело со Емил Димитриев, чија задача беше да подготви терен за одржување предвремени избори. Иако власта убедуваше дека сè е подготвено, сепак, опозицијата тврдеше дека услови за фер избори нема.

Следуваше тензичен и напнат период, се разбира и интензивирани активности на странските претставници. Во Скопје во јули престојуваше Германецот Хајндл, а потоа и американската дипломатка Викторија Нуланд.

Нуланд охрабрена од македонските политичари
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Се чини тоа донесе резултат, па на 20 јули американскиот амбасадор Бејли по еден од многуте состаноци, објави дека е постигнат договор за излез од политичката криза. Беше даден рок до крајот на август да бидат исполнети сите услови за фер избори. На 31 август беше одржана лидерска средба, на која беше констатирано дека има услови за одржување избори на 11 декември.

„Се изборивме граѓаните на Македонија на 11 декември да може слободно да гласаат. Времето на изборно насилство и фалсификување на слободната волја на граѓаните заврши. Со тоа заврши и времето на режимот на Никола Груевски“, рече тогаш Заев.

„Направивме многу чекори со цел да ги доведеме во ситуација да не можат повеќе да ги одложуваат изборите, да нема каде да бегаат, да мора да се соочат со народот и да му овозможат на народот да излезе на гласање и да си го каже својот збор“, рече Груевски.

По тој состанок повторно следуваше период „тргни-застани“, но сепак некако се истурка периодот до почетокот на предизборната кампања, која, според повеќето процени, мина во релативно мирна атмосфера. И денот на изборите, помалку или повеќе, се одвиваше во прифатлив амбиент, или, како што констатираа странските набљудувачи, гласањето било уредно и без поголеми инциденти.

Но, како никогаш досега, резултатите од изборите беа речиси изедначени, а уште истата вечер и Заев и Груевски прогласија дека нивните коалиции се победници.

И ВМРО ДПМНЕ и СДСМ слават победа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

„Почитувани граѓани радувајте се, славете го животот, падна режим, падна режим“, рече Заев вечерта по изборите.

„Денес победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но победи и Република Македонија“, рече веднаш потоа Груевски.

И како што можеше да се претпостави, поглавјето „Избори“ со тоа не беше затворено. Следуваа приговори до ДИК, нејзина седница во мачна атмосфера, проследена со протести на приврзаници и членови на ВМРО-ДПМНЕ, жалби до Управен суд, прегласување. Силно одекна и прогласот на ВМРО-ДПМНЕ, прочитан од Груевски пред насобраните кај ДИК. Тој порача дека нема да му дозволи на Заев да формира влада. Особено остар беше делот со пораката до некои странски амбасадори:

Груевски – Амбасадори, престанете да ни се мешате во внатрешната политика!
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:34 0:00

„ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи натамошно мешање на амбасадори во внатрешно-политичките прашања во земјата и бараме да останат во рамки на своите мандати и овластувања како дипломати. ВМРО-ДПМНЕ го напушта формат на состаноци и преговори со други политички партии во кои учествуваат амбасадори, странски посредници или претставници на други држави, а на кои се преговара или се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат претставниците избрани од народот“, рече Груевски пред ДИК.

Политички помилувања и Шарена револуција

Како што претходно спомнавме, речиси целата година беше прошарана со протести и контра-протести.

Претседателот Ѓорге Иванов на 12 април потпиша одлука која стапува во сила веднаш, со која се прекинуваат сите кривични постапки против политичарите кои се поврзани со политичката криза и аферата за прислушување. Како што рече, со оваа одлука се става крај на политичката криза.

Судири, материјална штета, повредени и приведени по протестите
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:52 0:00

Но, спротивно од очекувањата на Иванов, одлуката не само што не стави крај на кризата, туку и дополнително ја разгоре. Уште истата вечер се собраа граѓани кои протестираа против одлуката на претседателот, а цел на нивниот револт беше и неговата канцеларија во центарот на Скопје. По првиот, следуваа уште многу протести, кои подоцна беа препознатливи по називот „Шарена револуција“, поради тоа што беа фрлани балони полни со боја најчесто врз објекти од контроверзниот проект Скопје 2014.

Паралелно со овие протести беа одржувани и протести во организација на провладиното движење ГДОМ, чие барање беше да се укине аболицијата за лидерот на СДСМ Заев и за поранешниот директор на ДБК Зоран Верушевски.

Речиси сите протести на Шарената револуција почнуваа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во знак на поддршка на оваа институција, која беше цел на разно-разни политички притисоци, опструкции, медиумски напади. Ваквите напади почнаа уште во јануари, кога во Собранието се носеше буџетот на СЈО.

Еден месец „Шарена револуција“
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00

СЈО во февруари излезе со првиот случај, наречен „Титаник“, кој се однесуваше на изборни манипулации од страна на владини претставници. Од нивната работа произлегоа 9 отворени истраги, сите со имиња на буквата Т, две обвиненија, десетици осомничени лица, 21 обвинет.

СЈО побара притвор за осомничени за изборен криминал
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:33 0:00
Директен линк

Извештајот на Европската комисија во втор план

Некако во сенка на сите овие настани мина објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство. А и онака се претпоставуваше врз што ќе биде акцентот на документот. Македонија доби уште една условена препорака за членство во Унијата. Овој пат со целосна примена на договорот од Пржино, со спроведување на фер и демократски избори и фокусирање врз клучните реформски приоритети.

Поплава и земјотрес во скопско

Покрај политичките потреси, Македонија, а особено главниот град беше потресен и од серија земјотреси, а најсилниот беше на 11 септември, со интензитет од 5,3 степени според Рихтер.

Многу поголеми, може да се каже и катастрофални последици предизвика поплавата од 6 август, која најмногу погоди неколку скопски села. Повеќе од 20 загинати, поплавени куќи, улици.

Леб ќе си купиме, дајте механизација
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

„Беше министерот тука на сред село и вели десет пумпи имаме, па му велам - малку се министре десет пумпи, па 1.000 куќи има во Стајковци. Требаат повеќе пумпи. Еве тука на цела улица има две пумпи, а има 15 куќи, а во еден подрум можеби има и повеќе од 20 кубика вода. Не се живее внатре во куќите од смрдеа.“

Две илјада и шеснаесеттата донесе силни борби во Сирија и Ирак, обид за државен удар во Турција, Брегзит на Велика Британија од ЕУ и неочекувана победа на Доналд Трамп во трката за претседател на САД.

Брегзит, Трамп и воен удар во Турција

Видео избор: Светот во 2016-та
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:04 0:00

На почетокот на минатата година беше постигнат договор меѓу Техеран и шесте светски сили за ограничување на иранската нуклеарна програма.

Мигрантската криза остана проблем и во март, Македонија целосно ја затвори границата за сите мигранти. Со тоа беше стопирана рутата преку која над милион мигранти влегоа во Европа.

Истиот месец имаше бомбашки напади на аеродромот и во метрото во Брисел при што загинаа 35 луѓе. Одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава.

Терористички напади во Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:15 0:00

Кон средината на 2016 дојде до еден од најнеочукваниот развој на настаните за Европската унија: Рефрендумското решение на Британците да излезат од Унијата, но и неуспешниот државен удар во Турција која тоа го искористи за натамошно кратење на човековите права.

На 23 јуни во чекор без преседан за една членка на ЕУ, мнозинството британски гласачи се изјаснија за излегување на нивната земја од Унијата. Предводникот на оние што беа за Брегзит Најџел Фараж изјави:

„Си ја вративме нашата земја назад“.

Ова е за прв пат една членка да побара излегување од Унијата. Потегот доведе до оставка на премиерот Дејвид Камерон.

Ноќта меѓу 15 и 16 јули турски војници ги блокираа мостовите на Босфор во Истанбул во обидот за воен удар. Експлозии и пукање се слушаа во Анкара. Тогаш загинаа над 290 луѓе, додека 1.400 беа ранети. Претседателот Реџеп Таип Ердоган се појави на телевизија за да ѝ каже на јавноста дека тој останува на власт. Веднаш следеа апсења на голем број луѓе, а за обидот за државен удар Ердоган ги посочи следбениците на турскиот свештеник кој живее во САД, Фетула Ѓулен. Тој ги отфрли обвинувањата.

Турција - граѓаните на улица, се качуваат на тенковите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Силен земјотрес го зафати централниот дел на Италија во август при што загинаа скоро 300 луѓе. Земјотресот предизвика сериозни оштетувања во голем број села и градови. По главниот земјотрес имаше уште шеесетина други.

Кон крајот на 2016 главните настани беа поврзани со ненадејната победа на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за претседател на Соединетите Држави и ситуацијата во сирискиот град Алепо каде што режимските сили почнаа офанзива против сириските бунтовници. Меѓународната заедница не успеа да најде навремен одговор за хуманитарната катастрофа.

Во изненадувачка победа бизнисменот и републикански кандидат Доналд Трамп беше избран за нов американски претседател.

На 25 ноември почина лидерот на кубанската револуција и поранешен претседател на Куба Фидел Кастро. Тој ја водеше Куба скоро пет децении пред да му ја предаде власта на неговиот помал брат Раул. Погребот на Фидел Кастро се одржа неколку денови по неговата смрт.

Годината заврши со терористички напад во Берлин. Најмалку 12 луѓе загинаа, а десетици беа повредени кога камион влета во преполн божиќен пазар во Берлин. Полицијата уапсила едно лице во близина на пазарот кој управувал со каминот. Снимките од местото на настанот ги евоцира спомените од сличниот таков напад во Ница, Франција кога во јули годинава човек роден во Тунис влета во тамошното преполно шеталиште. Загинаа 86 луѓе.

  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG