Достапни линкови

Во Берлин загриженост за безбедноста


Граѓаните на Берлин загрижени за безбедноста
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Граѓаните на Берлин загрижени за безбедноста

Дел од оние што синоќа беа сведоци на трагедијата кога камион влета во преполн божиќен пазар во Берлин при што загинаа најмалку 12 лица, а 48 други биле ранети, изразуваат загриженост за нивната безбедност. Од германското Министерство за внатрешни работи велат дека најверојатно станува збор за терористички напад.

„Многу сум уплашена. Бидејќи не знам дали можам да се чувствувам веќе безбедно во Берлин. Како можам да се чувствувам сигурно? И како можете да им верувате на луѓето од безбедноста повеќе? Јас не можам“.

Со овој сведок на настанот се согласуваат и другите кои во тоа време беа таму. Еден од нив не ја крие шокираноста.

„Но, овие денови изгледа ова, така да кажам, секојдневно. Читате за вакви работи на вестите секој ден. И секогаш умираат луѓе. Во Алепо или тука во Германија“.

Германската полиција соопшти дека има приведено едно лице, а оти совозачот починал во ударот на камионот врз луѓето на пазарот.

Националноста на осомничениот возач кој избегал од местото на чинот е непозната, а се претпоставува дека тој го украл камионот од едно градилиште во Полска.

Берлин, 19.12.2016.
Берлин, 19.12.2016.

Германските медиуми, цитирјаќи ги локалните власти јавуваат дека уапсениот бил од Авганистан или Пакистан и оти во Германија влегол во февруари годинава.

„Не знам. Мислам дека можете да кажете дека е среќа. Јас сум тука скоро секој ден. Само што денеска доцнев за на работа. И тоа е среќа нели? Па, им посакувам најдобро на сите. Ќе видиме што ќе се случува сега“.

Снимките од местото на настанот ги евоцира спомените од сличниот таков напад во Ница, Франција кога во јули годинава човек роден во Тунис влета во тамошнтото преполно шеталиште. Загинаа 86 луѓе.

Во Германија досега немаше напади од големи размери од исламските милитанти како во соседните Белгија и Франција.

Имаше некои помали напади за кои одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава.

До инцидентот во Берлин дојде откако пред еден месец американскиот Стејт департмент советуваше на претпазливост на пазарите и другите јавни места, наведувајќи дека екстремистичките организации како ИД и Ал каеда биле фокусирани врз „сезоната на празници“.

Германските власти соопштија дека земјата која лани прифати околу 900 илјади мигранти, повеќето од Блискиот Исток, лежи на крстосницата на тероризмот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG