СЈО отвори седум нови истраги со кодни имиња „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа“ и „Транспортер 2“. Осомничени се 17 лица, меѓу кои поранешни министри и пратеници.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот објави нова стратегија за национална безбедност, нагласувајќи ја пораката „Америка на прво место“. Тој ги именуваше Русија и Кина како американски конкуренти на светската сцена.
Претседателот Доналд Трамп денеска ќе ја изложи новата стратегија за национална безбедност на САД, врз основа на неговата политика „Америка на прво место“. Тој, меѓу другото, според извори во Белата куќа, ќе оцени дека Кина е „конкурент“.
Две години откако мигрантската криза ја подели Европската унија, нејзините лидери се уште се обидуваат да ги надминат разликите за тоа како да се справат со ова прашање.
Владата на британската премиерка Тереза Мај претрпе пораз кога пратениците направија промени во нејзиниот план за Брегзитот. Некои министри сметаат дека тоа би можело да го загрози британското заминување од Европската унија.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон понуди почеток на преговори со Северна Кореја без предуслови. Ова е извесно повлeкување на САД од ставот дека за преговори е неопходно најпрвин Пјонгјанг да се откаже од нуклеарното оружје.
Русија и Турција се на ист став дека одлуката на Соединетите држави за признавање на Ерусалим како главен град на Израел ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток.
И додека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел предизвика нов бран протести на Палестинците во Појасот Газа, арапските жители на Ерусалим велат дека тие никогаш не виделе мир откако градот бил окупиран од Израел.
Неколку десетини граѓани организирани преку социјалните мрежи денеска излегоа на протест пред владата во Скопје против изградбата на рудникот Казандол во Валандово, или како што велат, рудникот на смртта.
Претседателите на Турција и на Грција Реџеп Таип Ердоган и Прокопис Павлопулос изјавија дека двете земји треба да изградат нова иднина и покрај разликите од минатото, откако посетата на Ердоган на Атина се претвори во размена на обвинувања за многу историски прашања.
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел би можела да ја загрози улогата на Соединетите Држави како медијатор во регионот, сметаат аналитичарите.
Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести амбасадата на САД од Тел Авив предизвика загриженост во светот. Ваквата одлука, според оценките, би можело да предизвика насилства на Блискиот Исток.
Вчитај повеќе