Достапни линкови

2020: Година, која, како да ја немаше


Она што на крајот од 2019 доаѓаше како вест од неколку редови од далечната Кина се покажа како појава што ќе ја одбележи целата година. Многу големи настани, средби и активности беа ограничени на онлајн сесии или одложени за подобри времиња.

Две илјади и дваесетта година ни започна започна со срамежливи најави и вести за една појава од Кина која како што поминуваше времето се покажа дека ќе ја одбележи целата година и направи како да ја немаше, барем онаква какви што ги знаевме претходните. Коронавирусот го покори светот и, како што стојат работите, уште долго време ќе го диктира нашето секојдневие.

Кина трага по индиции за новиот вирус и ги засилува превентивните мерки

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус, зборувајќи на 30 јануари на прес-конференција во Женева, прогласи глобална епидемија на коронавирус.

„Главната причина за оваа декларација не е заради она што се случува во Кина, туку заради она што се случува во другите земји. Нашата најголема грижа е потенцијалот за ширење на вирусот во земјите со послаб здравствен систем и кои не се подготвени да се справат со него. Да бидам јасен: оваа декларација не е гласање за недоверба на Кина“, рече Гебрејезус.


На 11 март бројот на инфекции со коронавирус се зголеми на над 115.000 на глобално ниво, а Светската здравствена организација прогласи пандемија.

„СЗО деноноќно ја проценува оваа епидемија и длабоко сме загрижени од алармантните нивоа на ширење и сериозност, но и од алармантните нивоа на неактивност. Затоа, направивме проценка дека ковид-19 може да се окарактеризира како пандемија“, изјави Гебрејезус.

Откажани настани

Дваесетина дена подоцна тогашниот јапонски премиер и претседател на Олимписките игри во Токио 2020 година, Јоширо Мори, ја најави одлуката за одложување на еден од најзначајните не само спортски настани кои се одржуваат на секои четири години - Летните олимписки игри за 2021 година, поради пандемијата на коронавирусот.

„Ова е прв пат во историјата на Олимписките игри тие да се одложат, а веќе има разни проблеми што се наметнаа“, рече Мори.


Пандемијата не само што ја одложи летната Олимпијада, туку ги остави гледачите и учесниците на масовните собири ширум светот заглавени во домашна изолација.

Дури и најрутинските вообичаени настани паѓаа како домино кога владите воведоа мерки за социјално дистанцирање во обид да се спречи ширењето на коронавирусот. Работните места, трибините, плажите, па дури и училиштата, црквите и џамиите останаа празни.

Ризикот под контрола

Од постоењето на човекот, поединците го наоѓаат својот заеднички идентитет во групирање. Како што социологот Емил Дуркем го дефинираше овој феномен пред повеќе од еден век, масовните собири може да се сметаат за свет ритуал што им овозможува на поединците да се обединат во група, исполнувајќи ја човечката потреба некаде да припаѓаат.

Кампања против дезинформациите за коронавирусот

Но, за жал непосредната физичка близина, како што се покажа, стана главната причина за ширење на болеста. „Луѓето можат да доаѓаат од многу земји, да се мешаат, да ги споделуваат своите инфекции и да ги носат дома“, напишаа психолозите Ник Хопкинс и Стивен Рајхер од Шкотска.

Во овој случај на многу пренослива и заразна преку воздух болест како коронавирусот, многу влади, здравствени службеници и организатори на настани се откажаа од масовни собири и блиски контакти.

До први април, бројот на инфекции ја надмина границата од милион во 170 земји, убивајќи повеќе од 50.000 луѓе, а Соединетите држави ја надминаа Кина според бројот на регистрирани инфекции.

Тој месец се појавија и првите знаци дека пандемијата ќе ги наруши и претстојните верски христијански празници.

Но, и еден од петте столба на исламот, со тоа што Саудиска Арабија ги советуваше муслиманите да ги стават во мирување своите планови за годишен аџилак во Мека и Медина.

Избори и протести

Мерките за запирање на ширењето на коронавирусот кои владите во скоро сите земји во светот беа принудени да ги прогласат донесоа огромни економски загуби поради затворените граници, бизниси и трговија.

Тоа доведе и до несогласувања па дури и до насилни протести од оние што не се согласуваа со мерките. Така беше во Франција, Бугарија, Србија...

Во Соединетите држави изливот на незадоволство доби и примеси на борба против полициската бруталност врз Афроамериканците.

Протестите траеја со денови, а на моменти беа и насилни. Сето ова се случуваше во екот на кампањата за претседателските избори во ноември. Изборите ги доби демократскиот предизвикувач на претседателот Доналд Трамп.

Избраниот претседател Џо Бајден, на 7 ноември им се обрати на своите приврзаници во Вилмингтон, Делавер, порачувајќи:

„Луѓето на оваа нација проговорија. Тие ни дадоа чиста победа, убедлива победа. Победивме со најмногу гласови некогаш дадени за претседателски билет во историјата на нацијата - 74 милиони! Ветувам дека ќе бидам претседател кој сака да не разделува, туку да обединува“.

Редици на претседателските избори во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

И покрај големите напори на тимот на Трамп да докаже дека изборите биле наместени, многу судови, а конечно и Врховниот суд ги отфрлија тужбите како неосновани и без докази. Бајден конечно на 14 декември и официјално беше прогласен за избран претседател откако Изборниот колеџ ја потврди неговата предност пред Трамп.

Русија објавува прелиминарни резултати од референдумот, додека трае гласањето


Во Русија пак во јули во екот на пандемијата се одржа референдум со кој беше одобрен широк пакет уставни амандмани, кои меѓу другото, ја отворија можноста рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

„Многу зборував за потребата да се усвојат измените во Уставот на земјата. Тие се однесуваат на консолидација на нашиот политички систем, обезбедување социјални гаранции, наш суверенитет, територијален интегритет, наши духовни, историски и морални вредности што ги зближуваат генерациите. Во исто време ги разбирам и оние кои гласаа против“, изјави Путин по спроведениот референдум.

Светот во 2020 низ видео избор
please wait

No media source currently available

0:00 0:07:09 0:00


Белорусија и Русија

Еден месец подоцна во Белорусија се одржаа претседателски избори чиј резултат ги разгневи Белорусите и почнаа масовни протести против
Александар Лукашенко. На протестите кои траат веќе неколку месеци има масовно апсење демонстранти.

Впрочем дека нема намера да си даде оставка и за тоа како ќе се справи со протести Лукашенко кажа на 10 август.

„Демонстрантите ноќе, се обидуваат да ја напаѓаат полицијата, но таа одговара достоинствено и соодветно. Имаме жртви и на страната на полицијата и на страната на цивилното население. Полицијата и војската кои беа вклучени се однесуваа достоинствено “.

Водени топови и приведување демонстранти во Минск
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00

Белоруската опозициска кандидатка за претседател Свјатлана Циханускаја пак веднаш потоа во видео обраќање објавено на 11 август снимено непосредно пред нејзиното присилно прогонство во Литванија изјави:

„Знаете, мислев дека целата изборна кампања навистина ме охрабри и ми даде толку многу сила што можев да издржам што било. Но, веројатно, јас само останав таа слаба жена што бев на почетокот. Направив многу тешка одлука. Таа одлука ја донесов сама“.

Навални вели дека го намамил рускиот агент во исповед за неговото труење

Во меѓувреме се случи и обидот за труење врз критичарот на руската власт Алексеј Навални кој по третманот во Русија беше префрлен во Германија.

Германската канцеларка Ангела Меркел зборувајќи на 2 септември во Берлин за резултатите од токсиколошките тестови рече:

„Алексеј Навални беше жртва на напад со хемиски отров од групата новичок. Овој отров може да се докаже во лабораториските тестови. Алексеј Навални е жртва на злосторство. Тој требаше да биде замолчен. Во име на целата германска федерална влада, јас најсилно го осудувам.“

Навални во декември во видео објавено на Јутјуб именува неколку лица за кои тврди дека се обиделе да го убијат со боев отров. „Знам кој сакаше да ме убие. Знам каде живеат. Знам каде работат. Ги знам нивните вистински имиња. Ги знам нивните лажни имиња. Имам нивни фотографии“.

Видеото е засновано врз истраги на Навални, Белингат, Си-Ен-Ен, Дер Шпигел и руската веб-страница „Инсајдер“. Нивните извештаи презентираат детални докази дека тим на Руската федерална служба за безбедност со години го следел Навални пред конечно да се обиде да го отруе.

Конфликти, спорови и судови

Во октомври дојде до жестоки престрелки на границата меѓу Азербејџан и Ерменија кои потоа прераснаа во војна. Ерменскиот премиер Никол Пашинијан говорејќи на 3 октомври во телевизиско обраќање до нацијата од Ереван за смртоносните борби во зоната на конфликтот Нагорно Карабах рече:

„Сите треба да бидеме подготвени да се посветиме на единствена мисија што ја нарекуваме конечна победа. Секој од нас мора да биде подготвен да биде во првите редови на таа победа. Ќе победиме! Сигурно ќе победиме! Бидете сигурни дека победата ќе биде на наша страна!“

Неколку дена потоа азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во интервју за Си-Ен-Ен од Баку за смртоносните борби во зоната на конфликтот Нагорно Карабах изјкави:

„Нашата главна цел е да ги ослободиме тие територии и да им дозволиме на азербејџанските бегалци и внатрешно раселените лица да се вратат назад. Што се однесува до Нагорно Карабах, мислиме - и тоа е официјално објавувано повеќе пати - дека по војната, откако ќе бидат повлечени окупаторските сили, Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах ќе живеат рамо до рамо“.

Протести во Ерменија за оставка на премиерот

Војната заврши со мировен договор постигнат со посредство на Москва. Но, тоа беше горчлив мир за Ерменците и сјајна победа за Азербејџанците кои, воено потпомогнати од Турција освоија голем дел од териториите што дотогаш ѝ припаѓаа на Ерменија.

Косовскиот претседател Хашим Тачи на 5 ноември во Приштина најави дека поднесува оставка:

„Пред неколку моменти, официјално бев информиран дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово го потврди обвинението против мене.

Хашим Тачи
Хашим Тачи

Обвинението против мене и моите соборци е уште една мала цена што ја се бара да платат за слободата на нашата земја и нашиот народ“.

Тачи кој се изјасни за невин пред Судот за воени злосторства во Хаг, заедно со уште двајцата поранешни членови на ОВК, Кадри Весели и Реџеп Селими се соочува со обвиненија за извршени воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната пред повеќе од 20 години за независност на Косово.

Економијата под удар

Пандемијата на ковид-19 ги потресе и економиите низ целиот свет, предизвикувајќи ја, како што оценуваат многу аналитичари најсериозната економска криза од Втората светска.

Повеќе од половина од светската популација доживеа некаква блокада со ограничувања на движењето - првпат досега се воведени такви мерки во такви размери.

Некои влади обезбедија огромна фискална поддршка за да ги заштитат фирмите, домаќинствата и ранливите лица. Вкупно, тие трошоци изнесуваат повеќе од околу 12 трилиони долари од март 2020 година.


Освен економските долгорочниот ефект што пандемијата на крајот ќе го има врз човечката психа е предмет на бесконечни предвидувања. Загубата во однос на човечкиот живот е веќе многу видлива.

Глобалниот број на инфекции е веќе над 80 милиони, со повеќе од 1,6 милиони смртни случаи. И неможноста на општеството масовно да слави остави празнина во идентитетот.

„Овие настани даваат можност за социјална врска со група луѓе кои имаат заедничка цел или збир на вредности и интереси“, вели Џеј Ван Бавел, вонреден професор по психологија и нервни науки на Универзитетот во Њујорк, додавајќи „Мислам дека можеме да вратиме дел од тоа преку онлајн настани, но многу е тешко да ги замениме потребите исполнети со масовни собири.

Ковид-19 ги влоши човековите права и го запре напредокот во здравството

Ван Бавел е главен автор на опсежен истражувачки труд кој се базира врз експертиза на повеќе од 35 соработници со намера да помогне во усогласувањето на човековото однесување со препораките на епидемиолозите и експертите за јавно здравје.

Трудот се фокусира врз широк спектар на теми релевантни за пандемиите, вклучувајќи страв, ефекти на социјални и културни влијанија врз однесувањето и бариери за унифициран одговор, како што е политичката поларизација.

Надежи и прилагодувања

На крајот на 2020 година, употребата на неколку одобрени вакцини ги зголеми надежите.

Но, додека светот со нетрпение ја очекува шансата да се збогува од мрачноста и изолацијата, се појавија нови грижи, како на пример тоа што земјите во развој ќе останат назад во редот за добивање вакцина.

Индивидуализмот е опасен во пандемија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:39 0:00

И додека некои настани и активности најдоа начини да продолжат сепак, изгледа дека не е време за опуштање.

Крајот на долгата година на карантин не донесе олеснување со оглед на откриената нова мутација на коронавирусот која се појави во Британија и која, иако според експертите, не е толку опасна, побрзо се шири, а со тоа претставува поголема закана за преполнување на болниците со заразени.

Вакцини ќе има, но кога?

Две илјади и дваесетта година ни донесе нова реалност во нашето секојдневие, го сакале ние тоа или не.

Некои сакаат се да се врати како пред пандемијата, но по се изгледа дека не ни преостанува ништо друго, туку да се навикнуваме на таквата реалност.

Доколку и таа не биде промената во 2021 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG