Достапни линкови

Од каде толку гнев во Србија против мерките за КОВИД-19?


Протести пред српското собрание во Белград, 08.07.2020.
Протести пред српското собрание во Белград, 08.07.2020.

Оваа недела Србија стана сцена на најголемите немири во Европа досега за мерките на владата на пандемијата на коронавирусот. Двете вечери на бруталните судири уследија по најавата на претседателот Александар Вучиќ на 7 јули дека граѓаните треба повторно да одат во карантин во текот на викендот по рекордниот број на смртни случаи од ковид-19. Но, причините се изгледа подлабоки.

Голем број полицајци и демонстранти беа повредени, а десетици цивили беа уапсени првата вечер, откако илјадници луѓе дојдоа во центарот на Белград и се обидоа да влезат во зградата на парламентот.

Вучиќ: Ќе бидат заострени мерките, јас сум за полициски час

Претседателот и премиерката се воздржаа од предлозите за полициски час на национално ниво, најавувајќи построги мерки за да се запре забрзаното ширење на коронавирусот во главниот град.

Како Србија и нејзиното политичко раководство се најдоа во овој хаос?

Постојат индикации дека протестите се резултат од комбинација на владините грешки во одговорот на коронавирусот, на ерозијата на политичките алтернативи, на ограничен медиумски пејзаж и на враќањето на сето она што ги поттикна неделните протести што скоро една година се одржуваа пред да бидат запрени од ковид-19.

Кои се демонстрантите?

На прес-конференцијата на 8 јули, Вучиќ им го припиша насилството на десничарските групи и на „странските тајни служби“, без да даде детали.

Протести во Белград - демонстранти во српското собрание
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Тој, исто така, рече дека нивните повици и скандирања пред парламентот сугерираат дека тие биле мотивирани од теории на заговор, неповрзани со јавната здравствена криза.

„Овие луѓе не зборуваа за коронавирус, тие зборуваа за некаков вид предавство, мигранти, 5G мрежата и дека Земјата е рамна“, рече Вучиќ, додавајќи:

„И овие луѓе не беа таму за прв пат, сега само имаше повисок степен на агресија“.

Брнабиќ- во Белград нема веќе болнички капацитети

Во меѓувреме, премиерката Ана Брнабиќ се обиде вината за немирите да ја префрли врз политички елементи кои, како што рече,„го покажаа своето вистинско, насилно лице“ затоа што „не можеа да влезат во српското собрание преку изборите на 21 јуни“.

Првичните извештаи посочуваа дека десничарски националисти биле во зградата на парламентот на 7 јули и учествувале во некои од најсериозните судири.

Инциденти пред српскиот Парламент во Белград
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:30 0:00

Лидерите на калеидоскопската опозициска алијанса, наречена Сојуз за Србија, одржаа прес-конференција на 8 јули со тврдење дека насилството било „организирано“ и ги обвинија владините „хулигани“ за судирите.

Во протестите во Србија повредени 118 полицајци, приведени 153 лица

Лидерот на централно-левичарска партија во рамките на Алијансата, Драган Ѓилас тогаш изјави:

„Ние не сме организатори на протестот, но ќе бидеме таму со граѓаните. Ние протестираме како граѓани. Ова е протест на луѓе кои веќе не можат да издржат државно насилство врз нив".

Но, кои се, навистина?

Еден човек, Петар Ѓуриќ, стана јавното лице на српската фрустрација уште во првата вечер на немирите.

Србија - Српскиот демонстрант Петар Ѓуриќ кој рече „Тато, ова е за тебе“ на антивладиниот протест одржан на 7 јули во Белград
Србија - Српскиот демонстрант Петар Ѓуриќ кој рече „Тато, ова е за тебе“ на антивладиниот протест одржан на 7 јули во Белград

Тој на живо на камера низ солзи објави дека е гневен поради тоа што неговиот татко починал во Земунската болница додека чекал три дена за вентилатор и покрај уверувањата на српските власти дека нема недостаток на таква опрема.

"Тато, ова е за тебе!" извикуваше Ѓуриќ, додавајќи дека сè уште чека потврда од лекарите оти ковид-19 е причина за смртта на неговиот татко.

Протести во Белград - полицијата исфрли демонстранти од српското Собрание

Тој, исто така, ја обвини полицијата за употреба на солзавец и други средства против невооружените демонстранти пред да се врати на протестите.

Откако видеото на Ѓуриќ стана вирално тој објави фотографија од починатиот татко заедно со медицински извештај на кој се гледа дека постариот Ѓуриќ на почетокот на април поминал денови „чекајќи слободен“ вентилатор.

„Пинокио, носот ти порасна“, Ѓуриќ го повика српскиот претседател на објавата на Фејсбук на српски и англиски јазик.

Прашање на доверба

Можеби изгледа дека немирите поврзани со коронавирусот дојдоа од никаде. И дека импровизираниот телевизиски апел на Ѓуриќ беше навидум еден од најдраматичните и емотивно чувствителни знаци на недоверба што некои Срби ја доживуваат за време на кризата со ковид-19.

Но, последните недели донесоа епидемија со рекордни жртви, заедно со обвинувања дека официјалните лица кријат оти има недостаток на опрема и многу смртни случаи.

Пред изборите во Србија, Вучиќ игра на кинеска карта

Во извештајот објавен ден по изборите, Балканската мрежа за истражувачко известување (БИРН) тврди дека протекле податоци „од државниот информативен систем” оти бројките за смртност за два месеца пред гласањето биле за половина помали од она што всушност биле.

Вучиќ и Брнабиќ го отфрлија овој извештај како лажен, при што претседателот инсистираше на тоа дека тие бројки не се „автентични“, а премиерката ги обвини противниците за „лажни вести, дезинформации и политичка игра“.

Но, откако бројот на дневните инфекции почна да расте во минатиот месец, дојде до протест од страна на лекарите и другите здравствени работници.

Вучиќ: Пендаровски им се додворува на Германците

Болничките работници им свртеа грб на Брнабиќ и на министерот за здравство за време на посетата на Нови Пазар, едно од жариштата на ковид-19, за да протестираат против болничките услови и неактивноста на официјалните лица.

Белград- граѓаните седат на плочникот пред српското собрание
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:12 0:00

„Повеќето граѓани не и веруваат на владата во врска со одговорот на кризата. Давањето точни информации е еден од столбовите на довербата“, вели Марика Џолаи, балкански специјалист од Европскиот центар за малцински прашања.

"Другите столбови се посветеност на владата кон директната заштита на граѓаните со обезбедување соодветна здравствена заштита и одговор на катастрофи. Ситуацијата во Санџак, Крагуевац, Врање, Краљево итн., покажува дека тоа не е случај. Луѓето се очајни и умираат”, вели таа.

Познати лица на улиците?

Владата на Србија се чини дека погрешно ги оцени ризиците од повторното отворање во време на пандемија.

Таквото отворање ги крена духовите на оние српски гласачи кои го игнорираа опозицискиот бојкот, давајќи и на коалицијата на Вучиќ и на Прогресивната партија на Брнабиќ, скоро 61 процент од гласовите.

Но, и пред изборите, имаше знаци на голем број случаи на коронавирус.

Официјалните лица бргу се обидоа да обноват некои ограничувања, вклучително и во Белград, каде се регистрирани околу 80% од новите инфекции.

Нови инциденти во Белград - Демонстрантите со камења, полицијата со солзавец

Неделните протести под мотото „1 од 5 милиони“ против Вучиќ и владејачките партии траеја повеќе од една година во Белград и во другите градови пред пандемијата да ја погоди Србија во март.

Овие собири, на кои присуствуваа разни страни од политичкиот спектар, беа иницирани од нападот врз опозицискиот политичар Борко Стевановиќ.

Но, некои предупредуваа на големо политичко насилство и притаен авторитаризам и ја посочуваа владината корупција и контролата на Вучиќ врз државните институции и медиумите.

Иако голем број опозициски партии веќе укажаа пред ковид-19 дека ќе ги бојкотираат парламентарните избори првично закажани за април, епидемијата и како резултат на тоа вонредната состојба ја засилија загриженоста дека гласањето најверојатно нема да биде фер.

ОБСЕ: Еднострано медиумско покривање на изборите во Србија

Набљудувачите на изборите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележаа во презакажаното гласање во јуни дека „гласачите биле недоволно информирани и фрустрирани од немањето пристап на опозицијата до медиумите“.

Тие предупредија: „Доминацијата на владејачката партија ја ризикува неутралноста на демократските институции на земјата и потребен е дијалог за да се премостат длабоките политички поделби и да се заштити плурализмот“.

На 8 јули, централно-левичарскиот опозициски политичар, Бојан Пајтиќ, обвини дека осумте години на „уништување на опозициските партии и независните медиумите како институционален вентил“ доведе до „порој на незадоволство што е опасно за вас токму затоа што нема никаква врска со партиите. Како резултат добивате луѓе кои протестираат на улицата“, напиша Пајтиќ на твитер за тековните протести.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG