Достапни линкови

Олабавување на мерките за коронавирусот - прерано или пребавно?


Владите во многу земји постепено ги укинуваат блокадите и се обидуваат да ги рестартираат своите економии на различни начини. Еве како се одвива тој процес во Италија, Шпанија, Германија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и американската држава Џорџија.

Владите се соочуваат со тежок избор меѓу борбата против пандемијата и како да дозволат луѓето да се вратат во нивниот нормален живот и покрај реалната закана дека вирусот сè уште инфицира и убива луѓе.

Коронавирус: здравје над економија

Ако ограничувањата продолжат, економиите ќе продолжат да страдаат - ќе расте невработеноста и ќе се зголемува сиромаштијата.

Но, враќањето на работа премногу рано би значело и дека повеќе луѓе ќе се разболат.

Седмичен преглед на ситуацијата со КОВИД-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Експертите предупредуваат дека укинувањето на ограничувањата премногу брзо може да предизвика втор бран смртоносни инфекции и да го врати напредокот постигнат со мерките за забрана на движењето низ целиот свет во март и април. На долг рок, тоа би значело дури и поголем економски хаос.

Одговорно живеење

Кон средината на април, група истакнати медицински експерти во Белгија објавија препораки со три главни насоки за укинување на ограничувањата: одржување на мерките за физичко растојание, зајакнување на здравствените системи и систематски тестови и потрага по контакти на масовно ниво.

Ни во Шведска не е се така слободно

Елизабета Гропели, италијански виролог и лектор за глобална здравствена заштита на универзитетот „Сент Џорџ“ во Лондон, вели дека не е изненадена што земјите одат кон олабување на мерките пред да се најде вакцина против коронавирусот.

Русија - знак на опасност од коронавирусот
Русија - знак на опасност од коронавирусот

Таа за Радио Слободна Европа изјави дека ограничувањето на движењето не е „долгорочно решение“. „Тоа е одржливо на индивидуално ниво и сигурно не е одржливо на ниво на држава“, вели таа забележувајќи дека притисокот врз болниците се намалува по неколку недели на ограничувања.

Италија полека заживува

Италија беше првата земја во Европа погодена од кризата и останува една од најтешко погодените земји во светот во однос на инфекции и смртни случаи.

На 4 мај, таа започна претпазливо да ја отвора својата економија по осумте недели на строго заклучување - најдолгото во светот.

Во Италија, најмал број новозаразени на ден од почетокот на март

Всушност, затворањето на Италија е подолго само од 59-дневното во кинескиот град Вухан, каде што започна епидемијата. Подигнувањето на заклучувањето на Италија ќе се одвива постепено во текот на неколку недели.

Венеција, по олабување на мерките за коронавирусот
Венеција, по олабување на мерките за коронавирусот

Засега, училиштата остануваат затворени, заедно со музеите и услугите во рестораните.

Остануваат строгите правила за физичко дистанцирање. Работата се враќа и на градилиштата и фабриките, а се отворени и парковите и гробиштата.

Стратегија од четири фази во Шпанија

Шпанија, уште една тешко погодена европска земја, објави план во четири фази за укинување на ограничувањата по неколку недели на строго заклучување.

Првата фаза, позната како „фаза нулта“, започна на 4 мај и се очекува да трае една недела.

Децата во Шпанија излегоа на улица прв пат после шест недели

Вклучува временски периоди за луѓе на кои ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови.

Шпанија по строгите мерки
Шпанија по строгите мерки

На рестораните во Шпанија им е дозволено повторно да работат во текот на првата фаза од олеснувањето, но само за готови нарачки.

Во едно возило може да има само еден човек, возачот и тоа само ако треба да купува храна, лекови или бензин.

Маски за лице се задолжителни во сите јавни превози, а патниците мора да ги следат строгите правила за физичко растојание.

Втората фаза на отворање во Шпанија ќе биде на 10 мај кога ќе истече вонредната состојба.

Во ресторан одвоени со плексиглас
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:14 0:00

Дополнителните фази на отворањето ќе се одвиваат на секои две недели во зависност од напредокот во секој регион.

Шпанските власти велат дека тоа ќе овозможи „новата нормалност“ да започне околу 25 јуни, со тоа што училиштата нема да се отворат повторно до септември.

Сепак, парламентот планира да расправа дали официјално ќе се продолжи сегашната состојба до 25 мај - потег што би го забавил распоредот за повторно отворање.

Инаку, секој регион на Шпанија мора да добие одобрение од централната власт во Мадрид пред да премине во следната фаза на повторно отворање.

Германски притисок за брзо отворање

Во Германија, сојузната поделба на овластувањата значи дека ограничувањата за коронавирусот се разликуваат во 16-те држави во земјата.

Сепак, Германија направи пристојна работа да го задржи ширењето на болеста - особено во споредба со Италија, Шпанија, Франција, Британија и Соединетите држави.

Меркел на состанок за продолжување на Бундеслигата

Но, во текот на минатата недела, канцеларката Ангела Меркел ги критикуваше државните лидери во Германија за пребрзо отворање на економијата.

германската канцеларка Ангела Меркел
германската канцеларка Ангела Меркел

Таа предупреди дека земјата е само „на почетокот“ на пандемијата.

„Да не го прокоцкаме она што постигнавме“, предупреди Меркел.

Германија сега планира тестови на национално ниво за антитела за подобро следење на ширењето на болеста.

Во меѓувреме, игралиштата, музеите и црквите се отворени од 4 мај заедно со фризерските салони кои следат строги хигиенски правила.

На многу ученици од основните и средните училишта им беше дозволено да се вратат на часови.

Другите училишта ќе се отворат на 11 мај со строги мерки на социјално дистанцирање и намалени распореди.

Градинките и дневните центри останаа затворени заедно со баровите, рестораните, ноќните клубови и кината.

Само на две лица, или поголеми групи од исто домаќинство, им е дозволено да се собираат на отворено низ поголемиот дел од земјата и луѓето мора да останат оддалечени 1,5 метри.

Германскиот министер за спорт ги поддржа барањата фудбалската сезона да продолжи во мај - доколку тимовите се придржуваат кон здравствените правила и ги играат своите игри на празни стадиони.

Со повеќе од 80 милиони луѓе, Германија на 5 мај регистрираше повеќе од 166,000 – што е четврт најголем број случаи во Европската унија.

Но, таа успеа да го задржи бројот на смртни случаи, околу 7.000 - нешто околу една четвртина од жртвите во земји како Шпанија, Италија, Франција и Британија.

Во Нов Зеланд остануваат претпазливи

Пофален за неговото брзо дејствување против ширењето на болеста, Нов Зеланд започна да ги крева строгите мерки на 28 април.

До ова дојде откако здравствените службеници утврдија дека престанало пренесувањето на вирусот, а владата вети дека може да ги „искорени“ „изолираните случаи“ што би се појавиле сè додека не се најде вакцината.

Ардерн: Нов Зеланд ја доби битката со коронавирусот

Шест дена подоцна, на 4 мај, дневниот број на нови инфекции регистрирани во Нов Зеланд падна на нула за прв пат од почетокот на појавата на инфекцијата.

„Поздрав од мојот прозорец“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Во меѓувреме, мерките за физичко растојание на Нов Зеланд продолжуваат во трговските центри, пабови, фризерници и други јавни области.

Владата на 11 мај треба да донесе одлука дали дополнително ќе ги намали ограничувањата.

Во САД расте бројот на заразени

За разлика од Нов Зеланд, американската држава Џорџија забележа остар пораст на нови случаи, откако ги олабави ограничувањата во последната недела од април.

Работејќи под „упатства“ од Вашингтон, наместо задолжителни наредби за јавно здравје, државните влади во Соединетите Држави се движеа со различна брзина на наметнување на заклучувањата и повторното отворање на нивните економии.

Трамп: вакцина против ковид-19 до крајот на годинава

Џорџија беше првата американска држава која започна да ги крева ограничувањата.

Спортските сали, фитнес центрите, фризерските салони и кината се отворени од 24 април, а баровите и рестораните од 29 април.

САД - коронавирус
САД - коронавирус

Но неделава бројот на нови инфекции се искачува на повеќе од 1.000 за еден ден.

На 5 мај имало скоро 30,000 инфекции низ државата - вклучувајќи и 1.240 смртни случаи.

Со тоа што вирусот понекогаш се инкубира две недели пред да се појават симптомите, епидемиолозите велат дека целосното влијание на брзиот излез од мерките во Џорџија нема да биде познато до средината на мај.

Лекции од Јужна Кореја

Јужна Кореја - земјата на првата голема појава на коронавирусот надвор од Кина - одлучи да започне претпазливо да ги релаксира своите ограничувања на 20 април.

Но, Јужна Кореја никогаш не наметна остри меркишто ги користат другите земји за да го контролираат ширењето на коронавирусот.

Светските влади дискутираат како да го враќаат животот во нормала

За разлика од Италија и Шпанија, Јужна Кореја не наметна полициски час и не ги спречи луѓето да одат на работа.

Тоа ги освои пофалбите како модел како да се контролира болеста без да се исклучи економијата.

Само една недела по првиот пријавен случај на коронавирус на 20 јануари, владата нареди масовно производство на комплети за тестирање коронавирус.

Прерано е за укинување на ограничувањата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

До почетокот на февруари, неколку недели пред Италија да го наметне заклучувањето на национално ниво, Јужна Кореја произведуваше повеќе од 100.000 тест комплети на ден и отвори повеќе од 600 центри за тестирање.

Властите потоа можеа да го следат ширењето на вирусот и да ги третираат луѓето пред појавата да достигне ниво на криза видено во текот на следните месеци во Европа и САД.

Сепак, во Јужна Кореја беа воведени строги правила за физичко растојание и други јавни ограничувања за да се забави ширењето на болеста.

Одлуката да се започне со ублажување на овие ограничувања беше донесена кога новите инфекции се стабилизираа на 20 или помалку на ден.

Парковите и терените за голф беа првите што повторно се отворија, по што следуваа трговските центри и рестораните.

Сеул, Јужна Кореја
Сеул, Јужна Кореја

Многу Јужнокорејци продолжуваат да носат маски во јавноста и даги почитуваат правилата за физичко растојание.

Јужна Кореја објави дека средношколците можат да се вратат во своите училници на 13 мај, но тие треба да носат маски за лице и да им биде мерена температурата.

Гропели смета дека на сите нивоа на општеството е потребно да се најде начин за безбедно работење и живеење.

“И повторно, не станува збор за исчезнување на вирусот. Станува збор за живеење со него. Станува збор за изнаоѓање компромис што нè почитува како индивидуи, ги почитува нашите општества, а го има предвид овој незгоден патоген“, заклучува таа за Радио Слободна Европа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG