Достапни линкови

Ромите бараат да се спречи нивниот прогон во Италија


Ромите бараат да се спречи нивниот прогон во Италија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Неколку десетици граѓани од ромска националност протестираа денеска пред Италијанската амбасада во Скопје, со барање до италијанските власти да престанат со како што велат, прогонот на Ромите кои не се Италијанци.

Неколку десетици граѓани од ромска националност протестираа денеска пред Италијанската амбасада во Скопје, со барање до италијанските власти да престанат со како што велат, прогонот на Ромите кои не се Италијанци. Луѓето кои протестираа го повикаа италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини, да не прави како што велат фашистички работи. Салвини неодамна изјави дека сака да спроведе попис на ромското население и да ги протера од земјата оние Роми кои немаат државјанство на Италија. Организаторите на денешниот протест во Скопје предадоа протестно писмо до претставник на Италијанската амбасада. Денешниот протест е дел од одбележувањето на споменот на жртвите на Холокаустот на Ромите. На протестот упатија пораки дека не смее да се заборави холокаустот на Ромите извршен пред 74 години.

Категории

XS
SM
MD
LG