Стотици пожарникарски екипи се борат со шумските пожари во северна Калифорнија што досега однесоа над 20 човечки животи, додека стотици се уште се водат за исчезнати. Пожарите избувнаа на 8 октомври, а се уште не е познато која е причината. Околу 20 илјади луѓе се евакуирани.