Настаните на денот низ фотографии - 19 октомври 2022
Политика, дронови и автобуси

1
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин воведе воена состојба во четири региони на Украина, чии делови се под контрола на руските војници, додека украинските сили продолжуваат со ослободувањето на окупираните територии на истокот на земјата.

2
КАНАДА - Канада соопшти дека на 20 октомври ќе биде домаќин на онлајн состанок на светските министерки за надворешни работи на кој ќе се разговара за актуелните немири во Иран, кои беа предизвикани од смртта на една млада жена која беше во полициски притвор поради „неправилно“ носење хиџаб.

3
УКРАИНА - Седум од 10 Украинци велат дека нивната земја треба да продолжи да се бори додека не победи во војната со Русија, која вклучува враќање на Крим. Анкетата на Галуп, спроведена на почетокот на септември, покажа дека 70 насто од Украинците се за борба до победа, додека 91 насто кои ја поддржуваат војната ја дефинираат победата како враќање на целата територија заземена од Русија, вклучувајќи го и Крим, кој Москва нелегално го анектираше во 2014 година. Само 26 проценти од испитаниците рекле дека Украина треба да се обиде да преговара за крај на војната што е можно поскоро.

4
МАКЕДОНИЈА - ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска поради процедурата за избор на уставни судии. Барањето, како што посочија од партијата, се поднесува затоа што Георгиевска неделовнички и неуставно на сè уште незавршена точка на дневен ред и незавршена комисија поднела парцијален извештај до претседателот на Собранието, Талат Џафери за избор на уставните судии.