Настаните на денот низ фотографии - 26 септември 2022
Владици и политичари

5
МАКЕДОНИЈА - Вештачењата и обдукцијата што биле направени на телото на хрватскиот ракометар Денис Тот кој беше убиен пред ноќниот клуб во Градскиот парк во Скопје во раните утрински часови на 7 април покажуваат дека повредата на ‘рбетниот столб била смртносна. На денешното судско рочиште вештаците од Судска медицина изјавија дека обдукцијата покажала дека со таа повреда на ‘рбетниот мозок тешко дека ќе можел ракометарот да преживее.

6
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Обединетото Кралство објави 92 нови санкции како одговор на властите поддржани од Русија кои воведоа „лажни референдуми“ во четири региони на Украина, велејќи дека потегот „е јасно кршење на меѓународното право, вклучително и повелбата на ОН“.

7
ИРАН - Најмалку 57 луѓе се убиени во антивладините протести ширум Иран, предизвикани од смртта на 22-годишна жена која почина откако беше приведена во полиција поради наводно неправилно носење хиџаб, соопшти организација за заштита на човекови права.

8
МАКЕДОНИЈА - Скопјани ќе имаат парно, уверува Владата која тврди дека континуирано презема мерки за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Но, во соопштението не е наведно кој ќе ги снабдува Скопјани со парно.