Настаните на денот низ фотографии - 27 мај 2021
Бугарски превод, олимписки ковид...

1
КИНА - Кинеската амбасада во САД соопшти дека политичкото рекламирање околу работата за пронаоѓање на потеклото на коронавирусот, ќе го отежни откривањето на потеклото на вирусот и како се проширил на луѓето.

2
МАКЕДОНИЈА / БУГАРИЈА - Нема потреба од европски претставници во бугарско македонските разговори, доколку има и европски претставник на двете страни ќе им треба преведувач, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев одговарајќи на новинарско прашање зошто смета дека нема потреба од европски историчари да се вклучат во решавањето на прашањата во мешовитата македонско-бугарска историска комисија. Пендаровски денеска беше и на средба со папата Франциско.

3
СРБИЈА - Во Србија се гради сообраќајна инфрастуктура во вредност од речиси 4 милијарди евра, а до крајот на годинава се планира и почетокот на изведба на проекти вредни 2 милијарди евра, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ. Таа посочи дека во изградба се 330 километри автопатишта и брзи сообраќајници.

4
КОСОВО - Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека не верува дека меѓу борците на поранешната Ослободителна војска на Косово има военИ злосторници, но верува дека воени злосторници има и надвор од Србија, односно во северниот дел на Косово, во Босна, а како што вели, можеби и во Црна Гора.