Настаните на денот низ фотографии - 21 август 2020 година.
Актерки, спикери и оставки

1
МАКЕДОНИЈА - Актерката Силвија Стојановска која е второбвинета во случајот Колибри и првообвинетиот, нејзиниот партнер, Воислав Будисављевиќ, денеска на првото рочиште, се изјаснија дека не се виновни по обвинението за помагање и учество во шверц на околу 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Шпанија.

2
МАКЕДОНИЈА - Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието ќе продолжи на 26 август, откако на денешното рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази. За следното рочиште треба да почне сослушувањето на околу 50 сведоци кои ги предложила одбраната на еден од обвинетите, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, меѓу кои се и голем број поранешни пратеници.

3
МАКЕДОНИЈА - Иницијативниот одбор за организирање на вонредниот конгрес и реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска побара претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, да ја преземе одговорноста за поразот на изборите и да си поднесе оставка.

4
САД - Поранешниот потпретседател Џо Бајден и официјално ја прифати претседателската номинација на Демократската партија за изборите на 3 ноември на кои ќе го предизвика актуелниот претседател на САД Доналд Трамп.