Достапни линкови

„Јас и ти, едно сме“ за крај на „Уметност за сите“

По серија креативни работилници, проектот „Уметност за сите“ заврши со изложбата „Јас и ти, едно сме“. Во изминатите две години во рамките на проектот имаше работилници за деца со различни попречености, возрасти, социјален статус, пол... Нивната цел беше со ликовна уметност да има инклузија меѓу врсници од редовна настава.
„Развојот на личноста е интегрален и долготраен процес, кој опфаќа широка лепеза на воспитни и образовни процеси уште од најрана возраст, кој започнува од родителскиот дом, преку образовните институции, како и влијанието што го имаат институциите од културата. Оттаму, четвртата активност од проектот „Уметност за сите“ е во знакот на социјалната инклузија, односно младите од редовната настава да развиваат меѓусебни односи со децата со попреченост. На тој начин тие ја еманципираат личноста, развиваат поголем степен на толеранција и грижа едни за други. Еден од најважните елементи на социјалната инклузија е формирањето нови пријателства и нивното одржување, како што се случи на овие креативни работилници меѓу децата од училиштето за оштетен слух и говор ДУЦОР „Партенија Зографски“ и учениците од паралелката за меѓународна матура од СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“, пишува Маја Димитрова, координатор на проектот на настанот на Фејсбук.
Проектот беше финансиран од холандската амбасада како пример за грижа за различностите и потребите на маргинализираните групи.

Категории

XS
SM
MD
LG