Достапни линкови

Европско јуниорско првенство во воздухопловно моделарство

На првенството учествуваа јуниорски репрезентации од 19 држави, со околу 150 јуниори од Европа и светот, информираше Биљана Еверете, генерален секретар на Воздухопловната федерација на Република Северна Македонија.

Македонската јуниорска репрезентација е составена од пет најуспешни јуниори во две категории: Ф1А – модели на слободен лет – Анастасија Пожарска, Зоран Петрески и Симона Тошеск и Ф1Б – модели на моторен погон – Александар Цветановски и Петар Цветановски.

Организаторот “Фил Феникс” од Прилеп десет години по ред успешно ги организира настаните од областа на спортско моделарство, поради што на Северна Македонија и беше доделена организацијата на Европско јуниорско првенство.


Категории

XS
SM
MD
LG