Леден аларм за климатска борба
Добротворната организација „WaterAid“ постави ледени скулптури спроти „Тауер бриџ“ во Лондон, за да повика на акција против растечките ефекти од климатските промени. Скулптурите ги симболизираат луѓето кои се погодени од климатските промени ширум светот. Аналитичарите од „WaterAid“ велат дека се мисли на оние кои живеат на првата линија на климатските промени, а тоа се луѓе без пристоен пристап до вода.