Настаните на денот низ фотографии - 30 ноември 2022
Зеленски, Харадинај, Пеле...

1
УКРАИНА - Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани американскиот милијардер Илон Маск да ја посети Украина за да ја види штетата што руската армија и ја нанела на таа земја, пишува Њујорк Тајмс.
Таквата посета може да му помогне на бизнисменот да ја разбере ситуацијата пред за неа да дава изјави за тоа, рече Зеленски.
Таквата посета може да му помогне на бизнисменот да ја разбере ситуацијата пред за неа да дава изјави за тоа, рече Зеленски.

2
МАКЕДОНИЈА - Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА) објави дека бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигнал максимум во последните шест години и дека сириските граѓани се оние кои најмногу бараат меѓународна заштита. Агенцијата наведува дека во септември биле поднесени околу 98.000 барања за азил во 27-те земји членки на ЕУ, како и во Норвешка и Швајцарија, колективно познати како ЕУ+.

3
БРАЗИЛ - Славниот бразилски фудбалер Пеле е хоспитализиран во Сао Паоло за да му бидат регулирани лековите кои ги користи во борбата против туморите на дебелото црево, потврди неговата ќерка Кели Насименто-Делука. Таа на Инстаграм напиша дека нема „ништо алармантно“ за здравјето на нејзиниот 82-годишен татко, откако веста се појави во медиумите. На Пеле му беше отстранет туморот во септември 2021 година, по што почна со хемотерапија.

4
ИРАН - Безбедносните сили на Иран убиле маж на северот на земјата, на собир на антивладини демонстранти кои јавно ја прославувале елиминацијата на фудбалската репрезентација од Светското првенство.
Според извештаите, активистите велат дека 27-годишниот Мехран Самак бил застрелан во главата откако денеска свирел во својот автомобил во Бандар Анзали.
Според извештаите, активистите велат дека 27-годишниот Мехран Самак бил застрелан во главата откако денеска свирел во својот автомобил во Бандар Анзали.