Настаните на денот низ фотографии - 26 октомври 2022
Од Илинденска до Мерцедес

1
РУСИЈА - Германската фирма Мерцедес- Бенз денеска соопшти дека ќе се повлече во целост од рускиот пазар и дека ќе го продаде уделите во подружниците на локални инвеститори. Оваа германска фирма престана со производството и извозот во Русија уште при почетокот на март, по руската инвазија врз Украина.

2
БУГАРИЈА - Бугрскиот претседател Румен Радев денеска ги започна политичките консултации за формирање нова бугарска влада. Првиот состанок Радев го оствари со партијата ГЕРБ.

3
РУСИЈА - На 30 месеци затвор е осуден соработникот на затворениот руски опозиционер Алексеј Навални, фотографот Руслан Ахметшин. Судот во рускиот град Архангелск ја донесе пресудата денеска по обвинението за рехабилитација на нацизмот.

4
МАКЕДОНИЈА - Лажна е дојава за поставени бомби во скопските училишта, вели портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за Телма. Тој изјави дека полицијата излегла на терен и досега ги проверила поголемиот дел од училиштата за каде што им пристигнала дојава дека била поставена бомба.