Настаните на денот низ фотографии - 5 октомври 2022
Од Жан Митрев до Илон Маск

1
ШВАЈЦАРИЈА - Швајцарската полиција испука гумени куршуми додека демонстранти протестираа пред Амбасадата на Иран во Берн, а двајца мажи се прекачија преку оградата на амбасадата и го извлекоа иранското знаме од јарболот. Никој не беше повреден во денешните протести, кои беа еден од десетиците одржани ширум светот во знак на солидарност со протестите во Иран поради смртта на 22-годишна жена додека беше во полициски притвор.

2
УКРАИНА - Украинскиот Врховен суд отпушти еден од своите судии, по неодамнешното новинарско истражување на украинската редакција на Радио Слободна Европа дека тој има руско државјанство. Во директивата објавена на 5 октомври, претседателот на Врховниот суд Всеволод Књазиев наредува на Бохдан Лвов да му бидат одземени овластувањата како судија и да биде разрешен од судот, одлука која веднаш ќе стапи на сила.

3
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се надева оти воената ситуација на неодамна припоените украински територии ќе се „стабилизира“, и покрај тешкотиите со кои се соочуваат руските трупи под притисок на украинската контраофанзива во тие области.

4
ЕУ - Европската унија го даде своето конечно одобрение за новата рунда санкции кон Русија поради нејзината војна против Украина, соопшти денеска извршната власт на блокот. Осмиот пакет санкции на ЕУ треба да ја лиши Москва од милијарди евра приходи од продажба на производи, за кои ЕУ вели дека создаваат значителни приходи за Русија. Пакетот санкции „го проширува списокот на ограничени ставки кои би можеле да придонесат за воено и технолошко подобрување на Руската Федерација или за развојот на нејзиниот одбранбен и безбедносен сектор“, се вели во новата регулатива за санкции на ЕУ.