Настаните на денот низ фотографии - 2 јуни 2022
Ракети, јахти, голови...

1
УКРАИНА - Русија во моментов окупира околу 20 отсто од територијата на Украина, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното видео-обраќање пред парламентот на Луксембург.

2
САД / РУСИЈА - Соединетите Држави воведоа нови санкции насочени против јахтите поврзани со рускиот претседател Владимир Путин, птотив посредикот за јахтите и неколкумина владини функционери со цел да ја казни Русија за нејзината инвазија на Украина.

3
БУГАРИЈА / МАКЕДОНИЈА - Копретседателот на партијата Демократска Бугарија, која е дел од бугарската владејачка коалиција, Атанас Атанасов, изјави дека за тоа дали ќе биде тргнато ветото на Бугарија за Северна Македонија ќе одлучува Народното собрание.

4
УКРАИНА - Во Северодоњецк, украинските сили продолжија да пружаат силен отпор и покрај фактот што Русите го контролираа поголемиот дел од овој клучен град Донбас со помош на масовно и неселективно артилериско бомбардирање.