Настаните на денот низ фотографии - 28 септември 2021
Македонски амбасадори, руски линии, јапонски мерки...

1
РУСИЈА - Кремљ повтори дека секое проширување на воената инфраструктура на НАТО во Украина ќе ја премине една од црвените линии на претседателот Владимир Путин, додека авторитарниот владетел на Белорусија Александар Лукашенко го обвини Вашингтон дека ги користи центрите за обука како маска за поставување бази за западната воена алијанса.

2
МАКЕДОНИЈА - Фитосанитарната инспекција на Република Српска во БиХ забрани увоз на пратка свежо грозје со потекло од Северна Македонија, во износ од 20.730 килограми, поради зголемената содржина на пестициди, јави дописникот на МИА од Белград.

3
МАКЕДОНИЈА - ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на предлогот на Министерството за надворешни работи поранешниот министер за надворешни и за внатрешни работи, професорот Љубомир Фрчкоски да биде македонскиот амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Неговата номинација претходно ја потврди претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

4
ГРУЗИЈА - Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили рече дека ќе се врати за да ја спаси земјата на втори октомври, денот кога треба да се одржат локалните избори во Грузија. Саакашвили, кој во моментов се наоѓа во Украина, рече дека планира со авион да се врати во Тблиси иако се соочува со обвинувања за кои тврди дека се политички мотивирани.