Настаните на денот низ фотографии - 15 септември 2021
Круна и бодликава жица

1
МАКЕДОНИЈА - Тој е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција и е наш коректив, на политичарите. Нема да ни падне круната од глава ако испрати критики, напротив, од критиките треба да учиме, рече премиерот Зоран Заев по изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека кога тој би бил на местото на министерот Венко Филипче, би си поднел оставка од морални причини.

2
СЛОВЕНИЈА - Словенија ќе ја прошири оградата на границата со Хрватска, со цел да спречи илегална миграција, објави денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс. За време на посетата на Савињската област, што се протега од хрватската до австриската граница, Хојс ја разгледа ситуацијата на границата со Хрватска и како се контролира, најавувајќи поставување на неколку десетици километарска ограда против мигрантите.

3
Serbian President Lays Foundation Stone Of New Sinopharm Factory

4
ФРАНЦИЈА - Здравствените работници во Франција кои не биле вакцинирани против коронавирус ќе бидат суспендирани од работа.