Настаните на денот низ фотографии - 21 јули 2021
Заев, Мицкоски и Никола Тесла

1
ХРВАТСКА - Комисијата за пари на Хрватската народна банка (ХНБ) денеска го утврди конечниот предлог за мотиви на идните хрватски кованици на евра, на кои ќе ги има шаховницата, картата на Хрватска, куната, глаголицата и Никола Тесла. Никола Тесла дојде на листата врз основа на интернет анкета и од листата со пет предложени мотиви го истисна Дубровник.

2
ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација (СЗО) предвидува дека делта-сојот на коронавирусот, кој е позаразен и одговорен за повеќе од три четвртини од новите случаи на инфекции, ќе биде доминантен во многу земји во наредните месеци.

3
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска го избриша Ливерпул од листата на светско наследство поради преголемиот развој кој влијае на автентичноста на ова англиско пристаниште. Тринаесет делегати на Комитетот за светско наследство гласаа Ливерпул да се тргне од листата, додека петмина беа против.

4
УНГАРИЈА - Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави планови за референдум за прашања поврзани со заштитата на децата со цел да се утврди поддршката за контроверзниот закон за кој Европската Унија и активистите сметаат дека се дискриминаторски кон ЛГБТ луѓето, пренесува унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа.