Настаните на денот низ фотографии - 6 јули 2021
Од политичари до хакери

1
КИНА / ХОНГ КОНГ - Девет лица се уапсени во Хонгконг под сомнение дека се занимавале со терористичка активност, соопшти полицијата додавајќи дека апсењето се случило по обид за експлозија и поставување бомби низ целиот град, пренесува АП.

2
РУСИЈА - Патничкиот авион со 28 патници денеска се урнал во морето во близина на Полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, пренесува Си-Ен-Ен.

3
ГЕРМАНИЈА - Германија ги укинува забранаите за патување од Велика Британија, Португалија, Русија, Индија и Непал.

4
БЕЛОРУСИЈА - Белорускиот опозиционер Виктор Бабарика, кој сакаше да учествува на претседателските избори во август 2020 година против Александар Лукашенко, но беше уапсен неколку недели претходно, денеска е осуден на 14 години затвор за корупција.