Настаните на денот низ фотографии - 30 јуни 2021
Политика, фудбал и топлотни бранови

1
УКРАИНА - Министрите од Владата во Украина денеска одржа седница на која дојдоа облечени во националните фудбалски дресови со цел прослава на успехот на украинската репрезентација да се квалификува во четвртфиналето на Европскиот фудбалско првенство.

2
МАКЕДОНИЈА / ЕУ - Европските перспективи и актуелните случувања во земјава биле тема на разговор на средбата во Брисел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговите соработници со комесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеј.

3
ХОЛАНДИЈА - Хашкиот суд денеска донесе пресуда со која се осудуваа поранешните челници на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, на по 12 години затвор за злосторства на Црвените беретки против несрпското население во Босански Шамац, во пролетта 1992 година.

4
МАКЕДОНИЈА - Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека ќе поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието Талат Џафери поради, како што се наведува во нивното соопштение, свесно кршење на Уставот и законите.