Настаните на денот низ фотографии - 25 јуни 2021
Орбан, Мао и „27 април“

1
ЕУ / УНГАРИЈА - Лидерите на Европската унија побарале од Унгарија да ги почитува ЛГБТ-правата или да го напушти блокот. За време на Самитот односно на состаноците во Брисел имало остри дискусии и лични судири меѓу лидерите на земјите-членки и конфронтации со премиерот Виктор Орбан околу новиот закон на неговата земја со кој се забранува училиштата да користат материјали што може да се сметаат за промовирање на хомосексуалноста.

2
ТУРЦИЈА - Одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ, кои се однесуваат на Турција, се далеку од тоа дека ги содржат очекуваните и неопходните чекори, се вели во соопштението од турското министерство за надворешни работи. Во писмената реакција по вчерашниот состанок во Брисел е наведено дека Турција направила повеќе отколку што и следува во контекст на намалувањето на тензиите, интензивирање на дијалогот и соработката.

3
САД - Бројот на загинати под остатоците од урнатиот дел на 12 катна станбена зграда во северниот дел од Мајами порасна на 4 лица. Но, се уште 160 се водат како исчезнати. Пријавени се единаесет повредени, при што четири лица биле лекувани во болници.

4
ЗАПАДЕН БАЛКАН - Од 1-ви јули граѓаните кои ќе патуваат во некоја од земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци. Ова го изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири во говорот на состанокот на министрите од шесте земји од Западен Балкан, што се одржа во Подгорица, во организација на Советот за регионална соработка.