Настаните на денот низ фотографии - 23 јуни 2021
Алкохол, политичари и фудбалери

1
МАКЕДОНИЈА - Македонија се соочува со казна од УЕФА за можно кршење на здравствените правила од страна на играчите на репрезентацијата иако веќе е елиминирана од Европското фудбалско првенство, јавува агенцијата Асошиејтед прес.

2
ИРАН - Иранскиот претседател во заминување Хасан Рохани рече дека главните прашања меѓу Техеран и светските сили за оживување на нуклеарниот договор од 2015 година се решени, иако Франција и Германија предупредија дека се уште има препреки.

3
ГРЦИЈА - Грција ќе ја укине обврската за носење маски и на отворено и ќе ги олесни преостанатите рестрикции наменети за намалување на ширењето на ковид19, соопштија грчките здравствени власти. Носењето маска ќе остане задолжително во затворените објекти.

4
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Обединетото кралство ги негираше извештаите дека руски брод предупредувачки пукал кон брод на британската воена морнарица во Црното море, наведувајќи дека инцидентот е дел од претходно најавена воена вежба.