Настаните на денот низ фотографии - 31 мај 2021
Политичари и деца

1
КИНА - Кинеските власти соопштија дека ќе им дозволат на паровите да имаат до три деца, откако на пописот се покажа дека нејзиното население рапидно старее. Властите одлучиле да го укинат ограничувањето со кое на паровите им се дозволуваше да имаат само две деца.

2
ГРЦИЈА / ТУРЦИЈА - Продлабочување на економската соработка, взаемно признавање на сертификатите за вакцинација, но и средба Кирјакос Мицотакис и Реџеп Таип Ердоган, беа дел од темите за кои разговараа и се договорија министрите за надворешни работи на Грција и Турција Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу на нивната денешна средба во грчкото МНР.

3
МАКЕДОНИЈА - За упис во средно образование наредниот месец ќе има три пријавувања, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок, поточно на 23 август.

4
АЛБАНИЈА - Седницата за разрешување на албанскиот претседател Илир Мета ќе се одржи на 9 јуни, било договорено денеска.