Настаните на денот низ фотографии - 19 мај 2021
Непожелни и пожелни

1
САД / ИЗРАЕЛ / ПАЛЕСТИНА - Американскиот претседател Џон Бајден му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху дека денеска очекува значителна деескалација на конфликтот во Газа, кој трае веќе десетти ден.

2
МАКЕДОНИЈА / ЕУ - Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во обраќањето пред Виенскиот економски форум преку видео врска потсети дека Европската Комисија преку Економскиот и инвестициски план (ЕИП) за Западен Балкан планира да мобилизира до 28 милијарди евра преку фондови и поттикнување инвестиции во регионот, потсети Вархеји.

3
БУГАРИЈА / ХРВАТСКА - Амбасадорката на Република Хрватска во Софија, Јасна Огњановац денеска била повикана на разговор во бугарското МНР по наредба на министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев. Таа била примена од генералниот директор за европски прашања, Румен Александров. Причината за разговорот е изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по Самитот на Словенија и Хрватска со земјите од Западен Балкан, одржан на 17 мај 2021 година во Бардо кај Крањ, во кој тој остро ја нападна политиката на Бугарија кон евроинтеграција на С. Македонија.

4
ЦРНА ГОРА - Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ го враќа Законот за обвинителство на Собранието на повторно разгледување. Тој денеска пред новинарите изјави дека парламентарното мнозинство имало за цел да воспостави апсолутна контрола над обвинителството.