Настаните на денот низ фотографии - 18 декември 2020.
Шпиони и Дедо Мраз

1
БУГАРИЈА - Бугарските власти му дадоа 72 часа рок на руски дипломат да ја напушти земјата, обвинувајќи го за шпионажа. Тоа е шести случај руски дипломат или службеник во руската амбасада во Софија да биде протеран поради сомневање за шпионажа од октомври 2019 година.

2
СРБИЈА - Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар изјави денеска дека првите дози на вакцината Фајзер во Србија ќе пристигнат во понеделник или вторник.

3
МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство Венко Филипче изјави денеска дека неделните пресеци укажуваат на тоа дека Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува. Но, според него, внимателни се затоа што се можни изненадувања.

4
БЕЛГИЈА - Портпаролката за проширување во ЕК, Ана Писонеро потврди дека се обезбедени дополнителни средства за земјите од Западен Балкан за набавка на вакцини. Според неа, се работи на координација на донацијата на вакцини, што ќе бидат испорачани на земјите од Западен Балкан, пред да пристигнат првите испораки од механизмот Ковакс.