Достапни линкови

Хронологија на „Шамарите за Жерновски“


Насилните протести во општинската барака во Центар на 6 јуни 2013 година
Насилните протести во општинската барака во Центар на 6 јуни 2013 година

По 3,5 години поминати во судски процеси денеска се завршните зборови на одбраната по што ќе треба да се закаже и соопштувањето на пресудата за едно од првите обвиненија на поранешнто СЈО – предметот Насилство во општина Центар или познато во јавноста како Шамарите за Жерновски.

„Жерновски Талибанец,“ „Ни во турско не се рушеа цркви“ „Црквата пати народот ќе ви врати“. Ова беа дел од паролите на стотина демонстранти кои во јуни 2013 година под опсада со обид за за насилен упад ја ставија бараката на општина Центар каде што советниците требаше да дискутираат за промена на Детален урбанистички план. Демонстраните се претставуваа дека се дел од граѓанска иницијатива Веритас и дека протестираат по шпекулациите во јавноста дека со новиот ДУП ќе се урива црквата Свети Констатин и Елена.

Протести за црква, што никој не планира да ја урива
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:28 0:00

Тоа, пак, во целост постојано го демнатираше поранешниот градоначалник Андреј Жерновски истакнувајќи дека сето тоа е „масло на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ“.

Зошто се манипулира дека ќе се урива црквата Св. Константин и Елена?

Неколку часовна опсада два дена по ред, искршени прозорци, каменувана општинска барака и и оштетен општински мебел беше исходот од насилните протести во Центар.

Немало инцидент пред Општина Центар?

Судири и тензии во општина Центар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00
Директен линк

По две години подоцна тогаш опозициската СДСМ на прес конференција објави „бомба“ во која како што како се слуша од незаконски прислушуваните разговори мотивот за протестот бил проманата на ДУП-от со кој ќе се блокираат изградби на други објекти во интерес на припадници на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Разговорот, како што велат од СДСМ, бил меѓу премиерот Никола Груевски и министерот Миле Јанакиески, кои зборувале за физички напад врз градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Машки глас 1: Подговтви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме. Машки глас 2. Добро, ги имам материјалите…

Машки глас 1 : У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само

Машки глас 2 : А.. Добро е советниците да прават тие како за буџетот шо прават . Да излегуваат да викаат спротивно на закон, не си ти устав да цениш, кој си ти устав да цениш

Машки глас 1 : Да да… Ќе му ја скршиме седница,

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00
Директен линк

Веќе наредната година во август предметот насилство во Центар кој стана познат во јавноста како Шамарите за Жерновски премина во рацете на специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубески, а првото рочиште за предметот беше одржано во декември 2016 година.

„Откако првообвинетиот дознал за седницата на советот на Општина Центар на која требало да се води расправа за поништување на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“, а заради опстојување на бизнис интересите на партискиот врв и нивните блиски бизнис партнери, кои би биле загрозени со очекуваното поништување на планот „Мал Ринг“, во телефонски разговор со второобвинетиот побарал да организира, да се собере група членови на партијата и да се изврши грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар“, беше наведено во обвинението на СЈО.

Првообвинет во овој предмет е поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, потоа екс министерот за транспорт Миле Јанакиевски и други осум лица. Во неколку телефонски разговори Јанакиески преку членови од партијата организирал група и дал насоки како да се насилно да се наруши одржувањето на седницата, се вели во продолжение на обвинението. Тие се товарат за поттикнување и организирање на насилните протести пред просториите на Општината летото во 2013 година кои, според обвинителството, биле организирани со образложение дека се против наводно запирање на изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови, меѓу кои и оној за „Мал ринг“.

Во тој период локалната власт во Центар ја имаа СДСМ и коалицијата, со Андреј Жерновски како градоначалник, додека извршната власт и Градот Скопје беа во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите три и пол години предметот од СЈО прејде во овластување на Јавното обвинителство, а рочиштата за овој предмет беа повеќепати одложувани поради отсуство на некој од вклучените во постапката, но и поради седницата на Советот на јавни обвинители во врска со постапката за разрешување на Катица Јанева (29 август 2019), поради примопредавањето на предметите од СЈО во ЈО (10 септември 2019) и поради тоа што предметот со сите списи беше даден во Судскиот совет (25 септември 2019). Во меѓувреме и еднаш се врати предметот отпочеток. Процесот беше исполнет со политички кавги, честопати и судски сопки, поради кои беа оспорувани прислушуваните разговори како докази во постапката по што Апелација одлучи дека сепак може да се користат како докази.

Во овој предмет имаше и две признанија на вина на почетокот на судскиот процес, од обвинети кои во периодот на протестите беа советници во Општина Центар.

Признавањето вина - ново поглавје во случаите на СЈО

Груевски не чувствува вина за „шамарите“

По признанието, тие добија условни казни. Никола Груевски и Миле Јанакиески, поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, треба да бидат најстрого казнети за да се одвратат сите други од такви намери во иднина, бараше во завршниот збор обвинителката Фетаи. Пред да почне со завршните зборови, Фетаи кажа дека од обвинението се ослободуваат поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште двајца обвинети.

Рангелова - Со Мицкоски да се пресметаме „очи во очи“

Поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, која во 2013 година беше советничка во општината Центар, откако Обвинителството го повлече обвинението против неа за насилствата пред Општина Центар, рече дека сега која ја докажала правдата, може, како што вели, слободна да се пресмета со тие што ја обвинувале.

„Да не бев во овој обвинителен акт ќе можев многу послободно да делувам во изминатиот период, бидејќи бев обвинувана дека ќе се пазарам“, изјави Рангелова.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG