Достапни линкови

Судењето за „27 април“ продолжува со сведочење на пратеници


Архивска фотографија - Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на прво рочиште од судењето за 27 април

Со сослушување на пратеници од претходниот собраниски состав, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето за организаторите на настаните од 27 април 2017 година во Собранието.

Обвинети во овој предмет се поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

На предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, на денешното рочиште треба да бидат сослушани пратениците Илија Димовски, Зоран Илиоски, Лилјана Кузмановска, Благој Деспотовски, Слаѓана Митовска и Весна Пемова.

И на последното рочиште за случајот исказ даваа сведоци на одбраната на Вељаноски и пред судот тврдеа дека „не постоел план за насилство во Собранието на 27 април 2017 година“.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

XS
SM
MD
LG