Достапни линкови

„27 април“: Сведоците на Вељаноски негираа план за насилство


Архивска фотографија - Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на прво рочиште од судењето за 27 април

Не постоеше план за насилство на конститутивната седница на 27 април 2017 година. Вака денеска сведочеа дел од пратениците кои беа повикани од одбраната на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, на денешното рочиште од судењето за организација на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Северна Македонија.

Обвинети во овој предмет, покрај поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, се и ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Сегашниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој и во претходниот собраниски состав ја имаше истата функција, пред судот изјави дека ниту некој информирал за некаков план за 27 април, ниту за тоа се разговарало на координација во Собранието.

„Ниту имавме некоја информација, ниту некој на координација информирал за некаков план. Напротив, на многуте координации во тој момент ни се укажуваше да внимаваме на било каква било вербална или друга провокација“, рече Мицевски.

И пратеникот Панчо Минов истакна дека немал сознание за каков било план за загрозување на уставниот поредок во државата.

На последното рочиште на 26 август, на предлог на екс-спикерот Вељаноски, беше презентиран видеозапис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година. Неговата одбрана во овој процес повикала околу 50 сведоци.

XS
SM
MD
LG