Достапни линкови

Зошто луѓето се придржуваат или ги отфрлаат мерките за коронавирусот?


илустрација
илустрација

Се повеќе истражувања околу коронавирусот се фокусираат врз факторите кои го поттикнуваат однесувањето на човекот во согласност со мерките за заштита на јавното здравје. Стравот од остра казна е моќна мотивација за почитување на ваквите наредби во авторитарните држави. Но, неодамнешните резултати покажуваат дека проблемот е покомплициран во земји каде што граѓанските слободи и човековите права се суштински дел од структурата на општеството.

Кога Светската здравствена организација го прогласи Kовид-19 за „итна јавна здравствена меѓународна грижа“ во јануари, генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејезус ги пофали напорите на кинеската влада за контрола на болеста - „и покрај сериозното социјално и економско влијание“ од нејзините драконски мерки за заклучување.

Задолжителни наспроти доброволни ограничувања

Но, критичарите на Западот се запрашаа дали строгите мерки на Кина се остварливи во земји каде што прифатливоста не е водена од стравот од казна.

„Ниту една друга нација, западна или друга, не може или не треба да се обидува да ги реплицира активностите на Кина“, изјави Томас Болики, директор на Глобалната здравствена програма во Советот за надворешни односи, во средината на март.

Од каде толку гнев во Србија против мерките за КОВИД-19?

Болики го критикуваше „непочитувањето на граѓанските слободи и човековите права“, демонстрирано со „карантините и цензурите во Кина“.

Неколку дена потоа СЗО го прогласи ковид-19 за глобална пандемија и владите ширум светот започнаа да спроведуваат низа ограничувања за коронавирусот.

Тешко погодените Иран и Италија беа меѓу првите што воведоа задолжителни забрани. Другите замји наскоро ги следеа или наредија делумни блокирања во комбинација со доброволни упатства за физичко растојание и заштитни маски за лице.

КОВИД-19: Можни нови мерки за физичка дистанца
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Владата на САД издаде генерални препораки за однесување во пандемијата, при што одлуките за мерките се оставени на државните и локалните власти. Овие одлуки брзо станаа политички со јавна расправа поделена по партиски линии.

Во Шведска, каде што има високо ниво на доверба во јавните власти, на луѓето им беше дозволено да ги практикуваат своите дневни рутини без да се соочуваат со карантин, затворање на деловни активности или обврска да носат заштитна маска.

Рестриктивните мерки спасија милиони луѓе од ковид-19

Шведската министерка за здравство Лена Халенгрен, во април изјави за Радио Слободна Европа дека моделот на Шведска се заснова врз „доверба“ дека поединците „ќе преземаат лична одговорност“ и ќе ги почитуваат доброволните препораки.

Студијата предводена од Александар Чудик, советник за економска политика и аналитичар во Банката на федерални резерви, покажа дека доброволното социјално растојание е помалку ефикасно од политиките што се санкционирани од владата.

Чудик вели дека исходот е „зачудувачки различен“ кога наредбите за останување дома се задолжителни отколку препораките кои им овозможуваат на поединците да изберат свој степен на самоизолација.

Економско однесување

Економистите Паола Џулиано и Имран Расул сметаат дека клучно за креаторите на политиките е „да знаат што одредува дали поединците ефикасно ќе ги применат“ мерките како социјалното растојание или носењето маски на затворени јавни места.

Црна Гора - Луѓе носат маски, во Подгорица
Црна Гора - Луѓе носат маски, во Подгорица

Извлекувајќи податоци од многу земји, тие ги документираа клучните „двигатели на прифаќањето“ - вклучувајќи го и она што економистите го нарекуваат „социјален капитал“, како и нивото на доверба во владите и институциите.

СЗО: ризикот од повторен пик на коронавирусот во Европа e „реалност“

Тие исто така откриле дека прифаќањето на мерките варира во некои земји во зависност од политичките ставови и медиумите што ги користат поединците.

„Ако социјалното растојание е клучно за забавување на ширењето на ковид-19, важно е да се знае што одредува дали поединците ќе ги прифатат таквите практики“, напишаа тие во трудот објавен на 18 јуни.

„Силата на социјалното ткиво на општеството, но и степенот на доверба во институциите се клучни елементи во одредувањето на индивидуалното однесување“, наведоа тие.

Нови сознанија за ширење на коронавирусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:47 0:00

Неодамна, здравствените експерти во Европа предупредија дека колективното чувство на исцрпеност ги води оние кои биле во согласност со мерките да се вратат на старите навики - како што се поздравување со бакнеж на образот и ракување.

Но, тие предупредуваат дека „заморот од маската“ ќе се појави - без оглед дали носењето маски е задолжително или доброволно.

Дали со коронавирусот завршува и ерата на мали влади?

Изабела Анеси-Маесано, епидемиолог во Францускиот институт за здравствени и медицински истражувања, за „Волстрит журнал“ изјави дека „луѓето страдаат и тоа се покажува“.

„Социјален капитал“

Терминот „социјален капитал“ го користат економистите повеќе од еден век. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го дефинира „социјалниот капитал“ како „мрежи на заеднички норми, вредности и разбирање кои ја олеснуваат соработката во рамките на групите или меѓу групите“.

Истражувачите на ОЕЦД велат дека социјалниот капитал е под влијание на личните односи и социјалните мрежи, како и од граѓанскиот ангажман.

„Нашите споделени норми, вредности и разбирање се помалку конкретни од нашите социјални мрежи“, се заклучува во извештајот на ОЕЦД во кој се додава:

„Вредностите - како што е почитувањето на безбедноста и безбедноста на луѓето - се суштински основ во секоја социјална група. Заедно, овие мрежи и сфаќања овозможуваат доверба и така им овозможуваат на луѓето да работат заедно“.

Социјален притисок

Меѓународниот центар за развој, глобална мрежа за истражувања финансирана од британската влада, вели дека затворањата за ковид-19 во некои земји ги сменија социјалните норми.

Карантин за политизацијата на ковид-19

„Усвојувањето на една социјална норма зависи во голема мерка од силното лидерство, создавајќи приказна зад која заедниците можат да се обединат“, заклучуваат истражувачите Оливер Харман и Викторија Делбриџ.

Украина - женисо заштитни маски
Украина - женисо заштитни маски

„Силното лидерство со постојан наратив може исто така да обедини заедници за да прифатат една социјална норма, што резултира со тоа што граѓаните ќе работат сами да ја охрабрат усогласеноста и да ја намалат потребата за формално спроведување“ од страна на државните органи.

„Не само што тоа ќе придонесе за позитивна социјална норма, туку и граѓаните повеќе ќе ги извршуваат дадените работи“ преку притисок, велат Харман и Делбриџ. „Во некои случаи, овој социјален притисок е поефикасен од формалното казнување“.

Политички ставови

Неодамнешните истражувања покажуваат дека влијанието на политичките ставови врз прифаќањето на јавните здравствени ограничувања е особено силно во Соединетите држави, но е релевантно и во други земји.

„Доказите од различни земји покажуваат дека политичките уверувања, заедно со разликите во медиумите, имаат важни импликации за перцепцијата на ризикот и усогласеноста со социјалното дистанцирање“, заклучуваат Џулијано и Расул.

Универзитетот Харвард, заштита од коронавирус
Универзитетот Харвард, заштита од коронавирус

Истражувањето на Чудик сугерира дека „перцепираниот кредибилитет на јавниот службеник кој издал наредба за социјално растојание врши важно влијание“ врз тоа дали луѓето ќе се согласат со нешто.

Трамп за коронавирусот: ќе биде полошо пред да биде подобро

Чудик вели дека податоците од неговата студија се „во согласност со идејата дека републиканците првенствено ги следат советите на претседателот на САД Доналд Трамп отколку на какви било државни службеници“, вклучително и на локалните републиканци.

„Пандемијата на коронавирус - како и многу други теми - стана партиско прашање во Соединетите држави, со што политичките верувања се потенцијален фактор што влијаат врз одлуките на поединците“, заклучува Чудик.

„Нашите резултати сугерираат дека политичката поларизација е главна пречка на патот кон целосно прифаќање на мерките за социјално растојание“, вели Чудик, додавајќи: „Бипартиската поддршка за мерките за социјално дистанцирање е клучен фактор за тоа колку брзо можеме да го намалиме ширењето на коронавирусот.“

Факторот „доверба“

Дури и пред пандемијата на ковид-19, широк спектар на истражувања покажаа дека довербата што ја имаат индивидуите кон владите и институциите влијае врз нивната подготвеност да се придржуваат кон итните мерки.

“Животот со корона”, трудот објавен во јуни од Светскиот институт за развој на економија на Универзитетот на Обединетите нации истражува „како довербата е во корелација со индивидуалните искуства на пандемијата“.

Асимптоматските случаи позитивни на ковид-19 и по цел месец

Истражувачите откриле дека личното искуство со ковид-19 исто така влијае врз нивото на доверба.

„Оние кои имаат контакт со болни луѓе и оние кои се невработени, покажуваат помала доверба во луѓето, институциите и воопшто“, велат тие. Спротивно на тоа, „не постојат такви моменти кај оние кои лично доживеале симптоми на болеста“.

„Овие групи се разликуваат низ контексти и не се водени од загриженоста за личното здравје или здравјето на најблиските, туку, од зголеменото ниво на загриженост и стрес“, заклучуваат истражувачите.

Тие додаваат дека сето ова сугерира оти „ефектите од пандемијата одат многу подалеку од непосредните здравствени проблеми“, што доведува до еден вид „нова нормалност“ која „веројатно ќе обликува како општествата ќе излезат од пандемијата“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG