Достапни линкови

СЗО: ризикот од повторен пик на коронавирусот во Европа e „реалност“


илустрација
илустрација

Европа бележи зголемување на неделните случаи на коронавирусот за прв пат по неколку месеци, соопшти Светската здравствена организација. Тоа, како што се оценува, е поради тоа што земјите ги олеснуваат мерките за ограничување.

„Забрзаното пренесување на коронавирусот доведе до многу значајно воскреснување на ковид-19 во 11 земји и повторно ќе ги турка здравствените системи во Европа на работ“, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.

Регионот на СЗО во Европа - кој опфаќа 54 држави и седум територии од Централна Азија до Западна Европа – носи помал дел од глобалните случаи отколку што беше претходно.

Во исто време случаите се зголемуваат на Америка.

Молдавија - амбулантно возило пренесува заразен со коронавирус
Молдавија - амбулантно возило пренесува заразен со коронавирус

Европскиот регион има регистрирано вкупно 2,6 милиони случаи, а починати се над 195.000 лица.

Ова претставува околу една четвртина од глобалните случаи и скоро 40% од смртните случаи во светот.

Научниците не се сигурни дали можете двапати да се заразите со ковид-19

Регионот на СЗО во Европа продолжува да пријавува близу 20.000 нови случаи и над 700 нови смртни случаи секој ден.

Клуге рече дека неговите предупредувања за ризик од повторно појавување на вирусот се, бидејќи, земјите ги олеснуваат мерките за ограничување:

Ханс Клуге, СЏО
Ханс Клуге, СЏО

„Триесет земји бележат пораст на нови кумулативни случаи во последните две недели“, рече тој, додавајќи дека 11 држави се соочуваат со забрзан пренос.

Тоа се: Ерменија, Шведска, Молдавија, Северна Македонија, Азербејџан, Казахстан, Албанија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Украина и Косово. Клуге наведе дека некои земји како Полска, Германија, Шпанија и Израел реагирале брзо на опасни избувнувања на вирусот во изминатите неколку недели.

СЗО: Она што го гледаме сега во Северна Македонија е загрижувачко

„Кога се појавија нови кластери на случаи, тие таму се контролираа преку брзи и насочени интервенции“, прецизира Клуге.

Тој додава дека министрите за здравство низ целиот регион објавија оти се повеќе луѓе го менуваат своето однесување и се придржуваат кон физичкото растојание и носењето маски за лице.

Светската здравствена организација претходно објави дека рекордните нивоа на ново заразени ја рефлектира промената во глобалната активност на коронавирусот.

Директорот на вонредни состојби на СЗО, Мајкл Рајан во врска со тоа дали зголемувањето на бројот на ново заразени е поради зголеменото тестирање изјави:

„Не веруваме дека овој феномен е поврзан со тестирањето“, рече тој, наведувајќи дека епидемијата „дефинитивно се забрзува“ во голем број земји, вклучувајќи ги САД.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG